Зошто југословенското Yugo е еден од најлошите автомобили во историјата?
Веќе стана општо познат факт дека Yugo, кој се произведуваше во поранешна Југославија а потоа и во Србија, е еден од најлошите автомобили некогаш произведени. По македонските улици и ден денес можеме да видиме многумина како возат Yugo, но светските пазари го одбија овој автомобил уште многу одамна.
Zastava Yugo ужива голема популарност во Македонија, уште од првиот момент кога се појави на пазарот. Моделите Koral 45 и Koral 55 се едни од најчестите автомобили на македонските улици, но тоа не значи дека се работи за исклучително квалитетно возило. Во ова видео ќе дознаете и зошто експертите сметаат дека Yugo е еден од најлошите автомобили во историјата.