Калциумот е важен минерал којшто има клучна улога во здравјето на коските. Тој помага и за одржување на здравјето на срцето, мускулите, нервите и забите. Поради тоа, консумирањето на доволно количество на калциум е особено важно за правилното функционирање на целиот организам.
Ова се први знаци на недостаток на калциум во телото.
Грчеви
Грчевите во одредени делови на телото при движење се први знаци дека имате недостаток на калциум во телото. Ако внесувате доволно количини на течности, имате нормално ниво на хемоглобин во крвта, а и понатаму чувствувате болки во мускулите, тоа може да биде основен показател дека не внесувате доволно калциум.
Коски
За коските во текот на растењето да ја достигнат потребната цврстина неопходен им е калциум. Недостатокот на овој минерал во организмот доведува до чести скршеници, дури и при мали повреди. Недостатокот на калциум кај децата, со недостаток на витамин Д, може да доведе до сериозни состојби како рахитис.
Слаб имунитет
Недостатокот на калциум претставува добра основа за развој на нефукнционалноста на респираторните и функциите на цревата. Исто така, ја намалува можноста на организмот да се бори против болести.
Храна богата со калциум
Најголеми извори на калциум се млечните производи, како сирење млеко и јогурт, потоа рибата, зеленчукот и сусамот.
Калциумот е многу важен за правилно растење на децата, па потрудете се редовно на вашето мени да има храна која е богата со овој минерал.
Калциумот е најзастапен во млекото и млечните производи како јогурт, сирење, кашкавал и изварка. Но, исто така се среќава и во брокулите, спанаќот, кинеската зелка и житариците.
Внесувањето на доволно количество витамин Д ја подобрува апсорпцијата на калциум од организмот.
Потребен внес на дневно ниво
Бебиња (0-6 месеци) – 210mg
Бебиња (7-12 месеци) – 270mg
Деца (1-3 години) – 500mg
Деца (4-8 години) – 800mg
Деца (9-18 години) – 1 300mg
Возрасни (19-50 години) – 1 000mg
Возрасни (51 година и нагоре) – 1 200mg
Зголемени потреби на калциум имаат жените во менопауза. Тие особено треба да внимаваат на количеството калциум кое го внесуваат, за да се заштитат од остеопороза.