Можеби не сте знаеле, но Исланд важи за земја во која нема мрави. Тоа е факт кој тешко се објаснува и со кој со децении се бават бројни научници и истражувачи. Еден од нив е и истражувачот Хавиер Еспадалер Хелаберт, кој веќе 35 години ги проучува мравите од целиот свет.
„Дојдов до заклучок дека истражувањето вредеше за трудот“, тврди научникот. Според неговото мислење, одговорот на ова прашање може да се најде во само еден збор: студ - односно суровата исландска клима.
„Мравите обично живеат во земјата, а земјата на Исланд е многу ладна; толку ладна што не дозволува инсектите да ги положат своите јајца, ларви, ниту да го исполнат својот биолошки круг“, убеден е Еспадалер.
Од друга страна, Ингвар Орн Ингварсон, кој работи во туристичкиот сектор на Исланд, го разјаснува овој факт.
„Вистината е дека во оваа земја има мрави, но се многу ретки и ретко кој ги гледа. Од 1994 година понекогаш сме го имале видот Lasius Niger (мрави од фамилијата Formicinae) во Рејкјавик, и на југот и западот на Исланд. Меѓутоа, тие мрави не живеат самостојно во природата и зависат од домаќинствата во кои се потстанари“.
И покрај фактот што мравите на Исланд просто не можат да го затворат својот биолошки круг, Хавиер Еспадалер вели дека на Исланд има папагали, како и други егзотични видови. Ниската температура, која не им дозволува на мравите да го затворат својот биолошки круг, не важи за внатрешноста на домовите на луѓето, каде живеат папагалите како домашни миленичиња.