Зошто не е добро да спиете во близина на радијатор?

Луѓето кои се зимурливи во текот на зимата константно тежнеат да бидат што повеќе стоплени во близина на грејни тела, но експертите истакнуваат дека никако не е добро да спиете во близина на радијатор.

Не само што во текот на ноќта ќе ви биде топло и ќе се потите, постојат и други здравствени ризици од прекумерна топлина во текот на спиењето.

Експертите советуваат дека растојанието меѓу креветот и радијаторот не би требало да биде помалку од еден метар. Ако креветот е поблиску до грејно тело од препорачаната оддалеченост, лекарите предупредуваат дека вашето тело ќе биде изложено на интензивна топлина што може да покрене други здравствени проблеми. Ваквиот топлотен удар претставува дополнителен стрес за телото, барајќи од него да вложи напор за да се олади.

Ова, пак, може да влијае негативно на срцето, особено ако станува збор за луѓе кои веќе имаат некое хронично заболување и кардиоваскуларниот систем им е ослабен.

Температурите над 22 или 23 степени Целзиусови влијаат негативно на кардиоваскуларниот систем, создавајќи дополнително оптоварување на миокардот“, истакнуваат експертите од американскиот центар УСА.

Долгиот престој во загреана и слабо проветрена просторија ја влошува состојбата на организмот дури и кај најздравите луѓе. Како последица на тоа може да се јават поспаност, умор, летаргија, намалена продуктивност и способност за работа, како и чувство на „магла“ во мозокот кое се јавува поради неадекватно снабдување на кислород во мозокот.

Кога станува збор за спалната соба, особено е важно да проветрите пред спиење. Температурата во собата не би требало да биде над 16 степени.

Тагови
реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Здравје

Храна што може да ја јадете и пред спиење без страв од тегоби

Read more

Што може да се случи во телото ако претераме со внесување калциум?

Read more

3 навики во исхраната што го зголемуваат ризикот од дијабетес

Read more

7 причини зошто треба често да јадете краставици

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Мечка упаднала во куќа во Калифорнија и излегла со колачиња

Читај повеќе

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Читај повеќе

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Знаци дека траумите од минатото влијаат на вашите врски

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете и пред спиење без страв од тегоби

Читај повеќе

Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

Читај повеќе

Како правилно да ги перете белите алишта?

Читај повеќе

Што може да се случи во телото ако претераме со внесување калциум?

Читај повеќе

Кои се разликите меѓу тврдоглаво и разгалено дете?

Читај повеќе