Зошто не треба да ги терате децата да престанат да плачат кога ќе се удрат?

Кога децата почнуваат да плачат, природен инстинкт за многу родители е да им кажат да престанат.

Но според многу стручњаци, иако ова го решава актуелниот проблем, долгорочно би можело да биде исклучително штетно.

Џекс Андерсон, мајка која по професија е родителски советник, тврди дека зборовите со кои се обидуваме да го натераме детето да престане да плаче како „во ред е“, „добро си“, „тоа е само гребнатинка“, „биди храбро“ и слични, се бескорисни и подоцна ќе влијаат на способноста на детето да се справи со емоциите во животот.

„Им правиме лоша услуга на децата кога бараме да ги контролираат чувствата. Секако дека се вознемирени - паѓаат, ги боли коленото, гледаат крв. Не можат да ја контролираат болката и изгледа страшно“, објаснува Андерсон.

Таа објасни дека ако родителите продолжат да користат „бескорисни“ фрази, детето ќе почне да се сомнева во своите чувства.

Како што тврди, со текот на времето ќе има впечаток дека си создава непријатност на себе или на другите и дека треба да ги „задуши“ своите вистински чувства.

„Чувствата се нешто што се случува и на децата им е потребна помош да управуваат со нив. Не можат да ги контролираат“, објасни таа.

Наместо да се обидува да ги одврати од плачење, таа тврди дека е подобро да ги гушкате децата, да им кажувате работи како „жал ми е“, „во ред е да плачеш“ или „сигурно е страшно што виде крв/гребнатини“.

Друго што можете да направите е да побарате од нив да споделат со вас како се чувствуваат во моментот.

Според Фондацијата за ментално здравје, приближно едно од десет деца и млади луѓе се погодени од проблеми со менталното здравје. Психотерапевтката Ејми Морин од САД тврди дека на ова влијае и оваа родителска грешка.

Можеби на почетокот овие реченици нема да помогнат, но подоцна детето сигурно ќе ги разбере и на овој начин ќе го научите како да се справи со различните емоции.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе