Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Се ближат потопли денови, а многумина во потрага по освежување од горештините посегнуваат по не баш здрави методи.

Ако сте од оние кои често знаат да си легнат со мокра коса, мора да знаете дека тоа не се препорачува. Покрај тоа што влажноста ја оштетува косата, таа може да има и негативни ефекти врз здравјето.

Повеќе првут

Првутот се јавува поради присуството на габи на нашиот скалп кои се хранат со масните масла од фоликулите на косата за да ги регенерираат клетките на скалпот. Но, кога е повлажно од вообичаено, оваа габа брзо се размножува, создавајќи несакан првут.

Косата повеќе се заплеткува

Без сомнение, легнувањето со мокра коса е синоним за будење со заплеткана коса. Ова се случува затоа што испарувањето на водата предизвикува заплеткување, јазли и разлетување.

Косата станува покршлива

Кога косата е влажна подолго време, станува почувствителна да ја апсорбира влагата во околината. Ова ќе ја направи косата покршлива. Бидејќи косата е почувствителна, ќе се зголеми и порозноста на површината на косата, а тоа го зголемува ризикот од забрзано опаѓање на косата.

Скалпот станува воспален

Концентрираната влага во влажната коса предизвикува и воспаление на скалпот, што може да предизвика непријатно чешање и рани. Покрај тоа, постојаното гребење придонесува за оштетување на корените на косата, кои се веќе ослабени од влагата.

Може да се појават главоболки

Не смееме да заборавиме дека непријатностите од спиење со мокра коса може да доведат и до здравствени проблеми. На пример, може да предизвика сериозни главоболки, мигрена или непријатност во мускулите. Може дури и да се разбудите со настинка поради ненадејната промена на температурата.

реклама

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе