Пазете се од нив

Зошто прикриените нарциси се најлошите личности кои може да ги сретнете?

Психолозите препознаа нов тип нарцизам.

Нарцисоидните личности се широко проучувани во психологијата. Имаат совршена платформа во културата која е опседната со славните личности и социјалните мрежи. Но, зад препознатливиот тип нарцис се крие помалку познат и поопасен подвид, пишува Guardian.

Прикриениот нарцис е како волк во овча кожа. Прикриените или „ранливите“ нарциси имаат тенденција да бидат поинтровертни од грандиозните нарциси, смета психотерапевтот Лорна Слејд.

„Но, ги делат истите класични особини. Само се манифестираат на многу посуптилно, секојдневно ниво. Но, носат маски, а другите луѓе за нив ќе кажат дека се прекрасни“, додава таа.

Прикриениот нарцизам е тешко да се забележи. Кај прикриените нарциси, нивниот фокус на задоволување на личните потреби е маскиран со посуптилни техники на манипулација и контрола.

Можат да делуваат како слатки и невини, па дури и срамежливи и интровертни, а исто така и многу грижливи и љубезни. Тие можат да бидат рамо за плачење, но ќе го искористат тоа што ќе споделите со нив против вас – со цел да манипулираат со вас, да се чувствувате должни и благодарни. Така им даваме восхит и благодарност, со што се „хранат“.

Како што вели психологот Сара Дејвис, прикриениот нарцис може да биде тивок натрапник и тивок заводник. Се претставува како жртва, често оцрнувајќи се себеси и на тој начин барајќи сигурност.

Се препознаваат по пасивната агресија, лошото ислушување на другите луѓе, но исто така брзо се лутат ако нешто не е по нивно. Чувствителни се на секоја критика и немаат емпатија за туѓите проблеми, туку секогаш своите ќе се обидуваат да ги направат „поголеми“.

Remote video URL

Прикриениот нарцизам е всушност манипулација преку изигрување жртва. Можеби ќе бидете вовлечени бидејќи ви е жал, па ќе посакате да им помогнете и „спасите“.

Но, ранливиот нарцис и понатаму ќе бара статус и потврда, ќе „гази“ други луѓе и нема да чувствува емпатија, но методите му се повеќе прикриени. Можеби дури и ќе ви зборуваат колку се интровертни и чувствителни, бидејќи сакаат да делуваат тивко, паметно но сепак ранливо.

„Ако имате чувство дека некоја личност на кој било начин може да биде штетна за вас, верувајте му на инстинктот“, порачува Лорна Слејд.

Remote video URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе