Зошто секоја жена треба да го прочита романот „Чест“ од Елиф Шафак?

Нема подобра комбинација од добра книга и шолја чај. Додека траат засилените мерки против коронавирусот, искористете го слободното време за да ги прочитате романите коишто одамна ве чекаат на вашата полица.

Драги читатели и читателки, Ви ја претставувам Елиф Шафак. Таа е една од најчитаните современи турски писателки. Шафак пишува на турски и на англиски, а нејзините книги се преведени на повеќе од дваесет јазици. Во нејзините дела се провлекуваат темите на мултикултурализмот, хуманизмот, родовите права и суфизмот.

Во романот Чест станува збор за две сестри близначки, Џамила и Пембе, родени во Курдско село, место каде честа е пред сѐ останато. Тие функционираат како антиподи, кон кои нема да останете пристрасни до самиот крај. Двата лика имаат различни карактери. Пембе емигрира со маж ѝ Адем во Англија, а Џамила останува во селото и работи како бабица.Пембе има три деца: Искендер, Есма и Јунус, на кои се труди да им обезбеди подобра иднина и удобен живот. Син ѝ, Искендер, на крајот ќе убие поради чест, но кого? Тоа нè остава во неизвесност до самиот крај.

Шафак во ова дело се обидува да се оттргне од стегите на традицијата на Истокот и да ја стави љубовта во прв план. Таа сака да нагласи дека жената е многу повеќе од суровото дефинирање, коешто го наметнува традицијата. Авторката има посебен и уникатен стил на пишување. Со извонредните детали за приказните на ликовите во нејзиното дело, можеме самите да ја процениме нивната психологија, емоции и вредности. Главната одлика што го прави ова дело исклучително интересно е фактот што нема хронолошки ред на настаните, па затоа Шафак постојано нѐ навраќа од почетокот на крајот, и ние со голем интензитет ги голтаме страниците, желни за нови епизоди, кои даваат можност да читаме низ редовите. 

Романот Чест е многу поразличен од останатите дела на Шафак, бидејќи е опфатена посериозна тема, темата на чесност, покорност и чистота на жената, со која се среќаваме и ден-денес. Со сигурност романот се издигнува од тривијалните, полесни за пишувување, романи на Шафак, како што се 40 правила за љубов и Копилето од Истанбул.

Шафак на умешен начин ги открива светлите и мрачните страни на љубовта: „Уште на почетокот во неа гледаше едно чудо противречности. Гледаше колку е несигурна, дури и кршлива, а сепак, под овие пластови се криеше издржливост-нишка на храброст, жилава дури до безочност, што се испреплетуваше низ неа. Сѐ беше замрсено. Во нејзиниот поглед се среќаваше ѕвездената светлина што ја гледаше во мајчините очи како дете и што оттогаш не ја видел кај никој друг. А сепак, постојано присутната меланхолија фрлаше некаква сенка врз неа и делумно токму тој необјаснив чемер кај неа го плени.“ (Шафак, Скопје, Три, 320-321)

Шафак сака да ја смени перцепцијата на читателите, за тие да ги прошират своите хоризонти и да навлезат подлабоко во културата на Исламот. Писателката сака да докаже дека секоја жена може да љуби по втор пат, без да биде „ветена“ на еден маж во својот живот. Патем, имањето на деца – не е нешто коешто не и дозволува на жената да најде нов партнер, имањето на деца – не ја оцрнува „чистотата“ на жената. Прашањето за честа на жената е тема којашто во Турција е актуелна сè уште. Ако го љубите читањето и експериментирате со нови автори, тогаш овој роман е вистинскиот избор.

реклама

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Read more

Сабота и недела неработни, породилно отсуство 1 година и зголемување на минималната плата, бара ССМ

Read more

Како заштитната маска да биде уште побезбедна?

Read more

Коронавирус и имунитет – научно објаснето

Read more

Книги

Романот „Елитна проститутка“ го разбранува цел Балкан

Read more

Предлог за читање: „Вештица“ од Венко Андоновски

Read more

„Читањето е супермоќ“ – онлајн кампања на „Арс Ламина“

Read more

Предлог за читање: „Со затворени очи“ – Џош Малерман

Read more

Магазин

  • play_arrow

Во забавена снимка: Како делуваат различните маски за заштита од COVID-19?

Читај повеќе

Вирална дилема: Која зебра гледа во камерата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Хумус на турски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

Да ти нацртам: Што значи безбедна дистанца од 2 метра?

Читај повеќе

Како би ја опишале Македонска Пошта во една фотографија?

Читај повеќе
  • play_arrow

На плажите низ Флорида шета Смртта: Само ве потсетувам на вирусот

Читај повеќе
  • filter

Среќен роденден, Никола Тесла

Читај повеќе
  • play_arrow

Како заштитната маска да биде уште побезбедна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Германски виролог: Ќе има и трет бран, мора да научиме да живееме со вирусот

Читај повеќе