Зошто сме нерасположени откако ќе се разбудиме и како да го поправиме тоа?

Ако во последно време ви се случува да се разбудите нерасположени, не сте единствени. Секој има такви денови во кои се буди со лошо расположение или се чувствува чудно.

Додека депресијата, стресот, алкохолот и промената на годишното време можат да доведат до негативна состојба на умот по будење, за лошото расположените најверојатно е заслужен недостигот на сон. Последиците од тоа можат да бидат долгорочни.

„Основните перцепции на светот суптилно се менуваат кога сте преуморни“, вели Пенелопи А. Луис, авторка на „Тајниот свет на сонот“.

Се зголемува чувствителноста на мириси и се намалува можноста за забележување на кисели вкусови. Постојат и суптилни проблеми со слухот и видот.

Докази сугерираат дека уморот може да не доведе до тоа да го гледаме светот низ негативен филтер. На пример, многу е веројатно дека нечиј неутрален израз на лицето може да го толкуваме како негативен и малку е веројатно дека во состојба на умор ќе бидеме расположени за хумор.

Не е јасно зошто тоа се случува, но истражување сугерира дека делот кој обично ги филтрира негативните чувства е оневозможен поради недостиг на сон.

Што треба да направите за да го спречите тоа?

1. Јадете намирници кои го подобруваат сонот

Обрнете внимание на тоа што вечерате пред спиење. Ако јадете храна со многу шеќери или храна богата со рафинирани јаглехидрати како леб, пица, тестенини, ќе си легнете сити, но високото ниво на шеќер во крвта во текот на ноќта може драстично да опадне.

2. Одржувајте го нивото на магнезиум

Може да имате проблеми со спиењето ако се чувствувате анксиозно или напнато, тоа би можело да укажува на недостиг на магнезиум, есенцијален минерал чие ниво опаѓа од стрес.

Магнезиум има во зелениот зеленчук, затоа е важно да го јадете секој ден.

3. Не го избегнувајте појадокот

Појадокот по будење е клучната работа за подобрување на расположението. Идеални намирници за појадок се јајца, јогурт, авокадо, тост од интегрален леб, интегрални житарки со јогурт и слично.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе