Зошто страдаат пешаците во Република Македонија?

Во 2016 година, во Република Македонија, 35 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди, додека 871 лице - пешак биле повредени во сообраќајни незгоди. Од загинатите пешаци, 1 лице е на возраст до 14 години, 3 лица на возраст од 25-40 години, 14 лица на возраст од 41 -64 години и 17 лица на возраст над 65 години.

Прашањето и понатаму гласи:  Зошто страдаат пешаците во Македонија?

Прво и најважно, пешаците страдаат во сообраќајни незгоди поради тоа што кај нив отсуствува чувството на свесност дека и тие се учесници во сообраќајот и дека и за нив важат сообраќајните правила и прописи како и за сите други учесници во сообраќајот. Понатаму лошите навики и ниската сообраќајна култура е важен фактор од кој зависи безбедноста на пешаците во сообраќајот, но важно е и тоа дека пешаците најмалку ги познаваат сообраќајните правила и прописи, најмалку се контолирани и најмалку се санкционирани како учесници во сообраќајот.

Второто важно прашање гласи: Што е со возачите и нивниот однос кон пешаците?

Одговорноста на возачите за безбедноста на пешаците во сообраќајот не е ништо помала од таа на пешаците. За нивните обврски и нивниот однос кон пешаците РСБСП потсетува на најважните правила и прописи кои возачите треба секогаш да ги практикуваат:

•             Возачот е должен да обрне посебно внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.

•             Кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да управува со возилото и да вози со таква брзина што овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин.

•             Возачот е должен секогаш да ги препушти пешаците кои стапнале на пешачкиот премин.

•             Возачот не смее да престигнува друго возило кое се приближува кон обележан пешачки премин, кое преминува пешачки премин или кое застанало заради пропуштање на пешаци на тој премин.

•             Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да запре или паркира возило на обележан пешачки премин на оддалеченост помала од десет метри од пешачкиот премин.

•             Возачот кој со возило се вклучува во сообраќај на јавен пат или на друга сообраќајна површина (излегување на возилото од гаража, двор, паркиралиште, стојалиште, итн.), е должен да ги пропушти сите возила и пешаци кои се движат на патот, односно по сообраќајна површина на која се вклучува.

•             Возачот кој со возило преминува преку површина наменета за движење на пешаци (движење преку тротоар или пешачка патека) не смее да го загрозува или попречува движењето на пешаците.

•             Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да го запре или паркира возилото на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста и движењето на пешаците ( пр. на тротоар).

•             На посебно уредена сообраќајна површина ( тротоар, пешачка патека) наменета за движење на пешаци забрането е да се остават возила кои заради оштетеност, односно дотраеност, не се употребуваат во сообраќајот (хаварисани, напуштени возила, камп приколки и слично).

•             „Зона на смирен сообраќај“ е подрачје во населено место обележано со пропишан сообраќаен знак, во кое возилата не смеат да се движат со брзина поголема од брзината на движење на пешаците и во кое нема ограничувања на играта за деца.

•             Ако на семафорот на крстосница му е додаден еден или повеќе дополнителни знаци во форма на зелена светлечка стрелка, возачот може да се движи во правецот означен со зелената светлечка стрелка и за времето додека е запалено црвеното или жолтото светло на семафорот, при што не смее да го попречува сообраќајот на возилата што се движат по патот на кој влегува и задолжително треба да ги пропушти пешаците кои преминуваат преку коловозот.

•             Возачот кој свртува на страничен пат на чиј влез не постои обележан пешачки премин е должен свртувањето да го изврши со намалена брзина и да ги пропушти пешаците кои веќе стапиле на коловозот.

 •            Возач кој се движи со возило по коловоз на која има вода, е должен да го приспособи возењето така да не ги прска пешаците и другите учесници во сообраќајот.

Одговорното управување со возилата од страна на возачите и свесното и одговорно движење на пешаците се клучот за безбедно учество во сообраќајот. Само на тој начин улиците и патиштата ќе бидат безбедно место за нормално движење, функционирање и извршување на секојдневните обврски на сите учесници во сообраќајот, информира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе