Зошто треба барем еднаш да отидете на патување сами?

Луѓето кои првпат биле на патување сами го опишуваат ова доживување речиси како религиозно искуство.

Патувањето без друштво ќе ве ослободи од многу притисоци, ќе ви овозможи подобро да се запознаете себе си, ќе ви даде поинаква перспектива на животот. Ова се само дел од причините зошто треба да патувате сами барем еднаш во животот.

Секако, тргнувањето на пат сосема сами носи и ризици, па затоа, како и за секое друго патување, треба да бидете добро подготвени и организирани.

Зошто треба да патувате сами?

Соло авантурите ви овозможуваат да си истерате ќеиф што можеби не би можеле да го уживате ако патувате со друштво, со партнер или со семејството. Секоја грешка е лекција, а секој триумф е уште повозбудлив. Не правите отстапки и компромиси, може да го смените планот кога сакате, да се задржите некаде подолго или да си заминете ако не ви се допаѓа.

Одлична можност е да запознаете нови луѓе, да ја истражите културата и локалните обичаи на местото каде што сте отишле, да го разбудите авантуристот во себе.

Од друга страна, имате време за размислување, анализирање, ретроспекција и запознавање на вистинското „јас“ во секоја смисла.

Ако уште не сте убедени, слушнете ги искуствата на луѓе кои патуваат сами и уживаат во тоа:

Remote video URL
Совети како безопасно да патувате сами

Секако, не треба да бидете безгрижни или немарни, особено ако патувате во странска земја во која не сте биле претходно.

Кога патувате сами сте полесен „плен“ на измамници и криминалци, а исто така сте оставени сами на себе ако имате здравствен проблем.

Токму затоа треба да бидете добро подготвени, да истражите сѐ што можете за земјата во која патувате и да се опремите за (речиси) секоја ситуација.

Ова се неколку совети за сите почетници во соло авантури:

  • Букирајте хотел/мотел/хостел/ A‌i‌r‌b‌n‌b‌ сместување што има прием 24 часа, па ако стигнете подоцна од планираното да може да се сместите во секое време и да не мора да спиете во автомобил, на станица или полошо.
  • Вие сте си најдобриот советник – ако интуицијата ви кажува да не направите нешто, не го правете.
  • Носете повеќе документи за идентификација на различни места (со себе, во ранецот, во куферот...)
  • Движете се самоуверено и со зацртана цел, како да сте дел од градот што го посетувате.
  • Лажете малку. Кога барате насоки, не се „издавајте“ дека сте сами - речете дека треба таму да се најдете со некого.
  • Проверете ги мапите и распоредите за транспорт пред да тргнете. Ништо не вели „изгубен турист“ повеќе од некој кој е закопан со погледот во мапата или телефонот и се џари наоколу.
  • Пратете им го распоредот на вашето патување на пријатели и членови на семејството и редовно информирајте ги дека сте стигнале безбедно на одредената дестинација. Една порака, мејл или краток видеочет се доволни.
Топ 10 дестинации што мора да ги посетите ако патувате сами
Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе