Зошто YouTube го смени логото по 12 години?

Поминаа 12 години откако поранешните вработени во PayPal Чед Харли, Стив Чен и Џавед Карим го основаа YouTube, што денес е најпопуларниот сервис за размена на видеосодржини.

Сега, популарниот канал доби и редизајн на логото што не беше сменето во текот на целото негово досегашно постоење.

Логото на YouTube беше прилично несовремено, составено од два збора од кои „Tube“ беше во црвено прозорче.

„Никој не знаеше што значи зборот ‘tube’. Тоа е сленг за ТВ-сет со вакуумски цевки. Меѓутоа, веќе ни цевките, ни телевизијата веќе не се клуч на најголемиот видеосервис на светот што го посетуваат речиси 1,5 милијарди луѓе месечно“, вели Кристофер Бетинг, шеф на Одделот за уметност и дизајн на YouTube.

Затоа брендот го доби најголемиот естетски редизајн досега. Логото е освежено и сега акцентот е ставен на копчето Play во црвено прозорче, пред зборот YouTube.

Видеосервисот исто така внесе новитети и во дизајнот на страницата и распоредот на некои функции, како на десктоп, така и на мобилната верзија.

Од Одделот за уметност и дизајн на YouTube велат дека првичната намера им била да го укинат црвениот знак Play за да го поедностават логото, но потоа ссфатиле дека со текот на годините тој знак станал важен дел од нивниот бренд.

„Тоа копче Play што секогаш го гледаат нашите корисници стана амбасадор на нашиот бренд и наша неофицијална кратенка. Откако направивме некои истражувања, заклучивме дека мала е разликата меѓу препонавање на копчето Play и зборот YouTube“, велат дизајнерите.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе