Порталот „24/7 Wall St.“ спроведе истражување во врска со најтешките објекти на светот, а резултатите покажаа дека најтежок од нив е Големиот кинески ѕид.
Листата на 10 најтешки објекти составена е врз основа на анализа на податоци од Гинисовата книга на рекорди, Националниот инстиут за стандарди и технологија и бројните научни извори.
Секако, тежината на сите најтешки објекти на светот е утврдена со проценка.
Во прилог погледнете ја листата од 10 најтешки објекти на светот:
1. Големиот кинески ѕид - 52 милиони тони
2. Хидроелектрана „Брана три кањони“ во Кина - 9,4 милиони тони
3. Кеопсовата пирамида во Египет - 5,4 милиони тони
4. Нафтна платформа „Гулфакс Ц“ во Северното море - 1,4 милиони тони
5. Кран „SSCV Thialf“ - 952.000 тони
6. Парламент во Букурешт во Романија – 726.000 тони
7. Носач на авиони Нимиц – 92.500 тони
8. Товарен воз во Западна Австралија – 90.500 тони
9. Подводен комуникациски кабел (под океан) – 80.000 тони
10. Обелиск во Вашингтон – 73.600 тони