10 здравствени симптоми кои не треба да ги игнорирате

Многу луѓе игнорираат некои симптоми кои ги испраќа организмот и со тоа го загрозуваат нивното здравје. Никогаш не се доведувајте во таква ситуација. Ова се симптомите кои не треба да ги игнорирате.

Притисок во вилицата

При инфаркт, не се јавува секогаш болка во градите, а симптоми може да бидат и притисок во вилицата, силни болки во вратот и екстремен замор.

Отечени усни

Отечените усни и чешањето може да бидат симптоми на анафилактички шок, најсмртоносната алергиска реакција. Отекувањето на усните може да ги затвори дишните патишта и затоа не треба да се игнорира.

Отежнат говор

Мешањето на зборовите и отежнатиот говор може да бидат симптоми на мозочен удар.

Ненадеен блесок на светлина

Доколку овој симптом се јави одеднаш, би можело да постои оштетување на рожницата, а доколку не се реагира на време, може да дојде до трајно оштетување на видот.

Нокти кои изгледаат чудно

Ваквите нокти се поврзуваат со анемија, проблеми со црниот дроб или проблеми со срцето, додека сини нијанси на нокти укажуваат дека немате доволно кислород, односно на проблеми со белите дробови или кислород.

Промена на ракописот

Звучи чудно и безопасно, но доколку ракописот ви се променил и сте почнале да пишувате покрупно, поситно или значително поинаку, ова може да биде знак на невролошки проблем, како Алцхајмерова или Перкинсонова болест, па дури и тумор на мозокот.

Кашлање навечер

Доколку постојано кашлате во текот на ноќта, а притоа не се опоравувате од некоја настинка, немате астма или слично, ноќната кашлица може да биде ран знак на проблеми со срцето, а можно е и во белите дробови да ви се собира течност која кога лежите подолго ве иритира да кашлате.

Ужасно силна главоболка

Главоболката која пациентите ја опишуваат како „најсилната главоболка до сега” која се јавува одеднаш, може да биде симптом на крварење во мозокот, пукање на крвен сад, мозочен удар или менингитис.

Претерано потење навечер

Освен доколку не сте во менопауза, претераното потење навечер може да биде симптом и на канцер на цревата, лимфом или леукемија.

Необјасниво губење на телесната тежина

Доколку не сте направиле никаква промена во исхраната или вежбањето, а сепак значително слабеете, посетете го лекарот. Ова може да биде симптом на бројни здравствени проблеми, вклучувајќи и канцер.

реклама

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе