16-годишно момче од Неготино загинало синоќа во сообраќајна незгода. В. Т. од с. Војшанци управувајќи мопед „Херк“ без регистарски број, паднало на патот, при што се здобило со тешки телесни повреди.
На повредениот му била пружена итна медицинска помош, по што бил пратен во Општата болница Кавадарци, каде што им подлегнал на повредите, информираат од МВР.