Околу 20.000 Австралијци за прв пат беа сведоци на слетувањето на најголемиот авион во светот на аеродромот во Перт. Станува збор за советски авион кој истовремено е и најтешкиот авион во светот.
Најголемата брзина што ја достигнува е 850 километри на час и толку е голем што може да собере вселенски шатл на покривот. Според првичните намени тоа било неговата цел, да служи во научни мисии. Но, планот никогаш не се реализирал.
Antonov An-225 Mriya тежи 600 тона, а се користи за превоз на тежок товар низ светот, како на пример генератор од 117 тони од Прага. За прв пат авионот слета во Австралија, така што тоа беше важен настан во земјата.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=KJoX9utpq18]