НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 февруари 1967, основана е Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)

Националната научно-творечка установа Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е основана на 23 февруари 1967 година. За нејзин прв претседател бил избран Блаже Конески.

Членовите на МАНУ се избираат на секои три години на централното собрание на Академијата и од формирањето досега МАНУ имала 154 членови од кои сега 41 се со статус на редовни членови, а 33 се со статус на членови надвор од работниот состав. Досега имала и четири почесни членови, и тоа Коле Чашуле, Јосип Броз - Тито, Едвард Кардељ и Борис Евгенович Патон. Најстар академик е Ѓорѓи Филиповски (роден 1919), а најмлад Абдулменаф Беџети (роден 1959).

Научни одделенија

Во рамките на МАНУ функционираат шест одделенија:

Одделение за лингвистика и литературна наука

Одделение за општествени науки

Одделение за медицински науки

Одделение за технички

Одделение за природно-математички и биотехнички науки

Одделение за уметност

Истражувачки центри

Македонската Академија има и осум истражувачки центри:

Центар за енергетика и одржлив развој

Центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов“

Лексикографски центар

Центар за стратегиски истражувања

Истражувачки центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“

Истражувачки центар за културно наследство

Истражувачки центар за компјутерски науки и информатички технологии

Истражувачки центар за животна средина и материјали

Претседатели на МАНУ

Блаже Конески (1967 - 1975)

Михајло Апостолски (1976 - 1983)

Јордан Поп Јорданов (1984 - 1991)

Ксенте Богоев (1992 - 1999)

Ѓорѓи Евремов (2000 - јуни 2001)

Матеја Матевски (јули 2001 - 2004)

Цветан Грозданов (јануари 2004 - 2008)

Георги Старделов (2008 - ноември 2011)

Владо Камбовски (1 декември 2011 - 2015)

Таки Фити (1 јануари 2016 - 31 декември 2019)

Љупчо Коцарев (1 јануари 2020 - )

Меѓународна соработка

МАНУ е членка на CEN (Мрежата на академиите од централна и источна Европа) и SEEA (академии од југоисточна Европа). На редовна основа на заеднички научно-истражувачки проекти МАНУ соработува со: Европската академија на науките и уметностите, Друштвото на науките „Лајбниц“ од Берлин, Бугарската академија на науките и националните академии на науките на Украина, Русија, Полска, Романија, Унгарија, Србија, Црна Гора, Словенија, Косово и Турција.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Култура

Ќе се основа национална установа Оркестар за џез музика во Скопје

Read more

Почина актерот Димче Мешковски

Read more

Прогласување на лауреатите на Струшките вечери на поезијата и поетско читање по повод Светскиот ден на поезијата

Read more

Порака по повод Светскиот ден на детските театри - 20 Март

Read more
 

Вести

Груби: Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени

Читај повеќе

Ќе се основа национална установа Оркестар за џез музика во Скопје

Читај повеќе

Најубавата плажа на Закинтос годинава ќе биде затворена за туризам

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Спречено организирано бегство од Идризово, откриен 40-метарски тунел

Читај повеќе

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 30 март

Читај повеќе

Во затворот Идризово откриен тунел за бегство

Читај повеќе

На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит

Читај повеќе

Секс скандалот му се удри од глава: Дали Доналд Трамп ќе биде уапсен денеска?

Читај повеќе