25-годишен дечко е најмладиот милијардер кој сам си го стекна богатството

Ако досега не сте слушнале за Остин Расел, тоа е сосема разбирливо.

Досега беше „само“ еден многу млад извршен директор во малку познат дел од автомобилската индустрија, водејќи го стартапот за автономни автомобили Luminar.

Меѓутоа, Luminar Technologies Inc., компанија за ласер технологија што Расел ја основа кога имаше само 17 години, кон крајот на минатата недела соопшти дека за првпат е наведена во индексот Nasdaq.

URL

Така, Расел стана првиот самореализиран милијардер, а Forbes исто така објави дека тој е еден од првите милијардери што излегле од светот на автономните возила.

„Сè уште сум релативно млад, но... во ова се вложени многу крв, пот и солзи. Имав среќа што можев да задржам доволно солиден дел“, рече тој во видеоинтервју за Forbes од неговата канцеларија во Пало Алто, Калифорнија.

Remote video URL

Акциите на Расел, 104,7 милиони на број (што е околу една третина од капиталот на Luminar), вредеа 2,4 милијарди долари пред неколку дена.

Според Forbes, Расел е редок случај на момче генијалец кое знае како да ги искористи своите таленти. Списанието објави дека тој на само две години веќе го знаел целиот Периоден систем на елементите, а во шесто одделение ја претвори својата конзола Nintendo DS во мобилна откако неговите родители му забраниле да го користи неговиот мобилен телефон.

На 13-годишна возраст, тој веќе поднел барање за неговиот прв патент - подземен систем за рециклирање вода што ја собира водата од прскалките и ја заштедува за следното наводнување, за да се намалат отпадните води. Наместо да оди во средно училиште, тој ги помина своите тинејџерски години во Beckman Laser Institute при Универзитетот во Калифорнија.

Компанијата на Расел особено се фокусира на системите LiDAR (Light Detection and Ranging) кои Apple ги користи и за својот iPhone 12 Pro/Pro Max за подобрено AR играње, меѓу другото.

Forbes истакнува дека Расел е толку сконцентриран на работата што засега ги нема оние работи што им го одвлекуваат вниманието на другите 25-годишници – нема ниту Facebook, ниту Twitter.

Remote video URL

Инаку, Кајли Џенер, која ја капитализираше својата популарност на социјалните мрежи, беше „најмладиот самореализиран милијардер“ до неодамна, но Forbes ѝ ја одзеде таа титула откако беше утврдено дека користела „мрежа на лаги“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе