4 работи кои мора да ги знаете пред првата средба со теретаната

На вежбањето во теретана треба да му се пристапи плански и дисциплинирано, а многу почетници не го знаат ова и мислат дека е доволно само да влезат во теретана и да прават било какви вежби со тегови, на било кој начин. Обично, на секого му треба време за да сфати како навистина функционираат работите во теретана, а овие работи веројатно не ви ги кажал никој пред вашето прво влегување таму.

Не се случува сè во теретаната

Независно од тоа на кој начин тренирате и што сакате да постигнете, тренингот со тегови е само еден од факторите со кои ќе дојдете до резултатите, додека потребно е да водите сметка и за други работи надвор од теретаната. Освен тренингот, важно е да се придржувате до соодветна исхрана и одмор. Исхраната може да биде различна зависно од целите кои сакате да ги постигнете, па затоа е еден од клучните фактори во процесот на слабеење или зголемување на мускулната маса. Мора да знаете дека не е доволно само да одите во теретана.

Не ги копирајте другите

Повеќето рекреативци кога ќе влезат прв пат во теретана, се обидуваат да прават исто што и искусните вежбачи, наместо да следат некоја почетничка програма и да ги учат вежбите. Таквиот пристап најчесто води кон брзо откажување, повреди или исцрпеност. Можеби сте виделе како вашиот пријател секој тренинг вежба друга група на мускули, но доколку сте почетник - тој пристап е погрешен. Како почетник, посветете се на учењето на вежбите и секој тренинг активирајте ги сите мускулни групи и прогресивно работете на зголемување на оптоварувањето.

Заблуди и митови

Морате да знаете дека во теретана ќе добиете многу совети, како да тренирате и што да јадете, но сите тие совети мора да ги земете со доза на резерва, бидејќи ќе слушнете и заблуди и погрешни информации кои може да влијаат на вашите резултати. Секој совет кој ќе го добиете, без разлика колку и да звучи логично, проверете го со стручна личност.

Нема брзи резултати

Бидете свесни за фактот дека резултатите доаѓаат бавно. Како почетник можеби ќе забележите брза промена на почетокот, зависно од вашите генетски предиспозиции, но за вистински значајни резултати мора да работите долго и напорно. Многумина се откажуваат од теретана по само неколку месеци токму поради тоа што не гледаат значителни резултати, а тие доаѓаат подоцна.

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе