40 години не ги исекла - њујорчанка има нокти долги 56 см, маникирот ѝ трае 8 часа

Жена од Њујорк има нокти долги половина метар и живее најнормален живот. Маникирот ѝ трае повеќе од 8 часа, вложува многу пари во ноктите и сака да ги има најдолгите во светот.

Американката ЛаРу Драмонд од Њујорк не ги исекла ноктите во последните четири децении. Имено, кога здогледала прекрасен маникир на рацете на жена која не ја познавала, нејзин животен сон станало да има најдолги во светот. Моментално ѝ се долги 56 сантиметри, секојдневно се грижи за нив, а целиот процес на нега досега ја чинел повеќе од 10.000 евра.

„Кога бев мала си ги грицкав ноктите додека не почнеа да крварат. Но, со решителност и поддршка на моето семејство, успеав да ја искоренам таа навика“, ја почнува својата приказна ЛаРу, пренесува Daily Star.

Оваа необична дама сама не ги одржува ноктите, туку редовно оди во салон за убавина. Веќе со години ги доверува исклучиво на Мариа Ортис, која ја нарекува кралица на маникирот.

„Целосно ѝ верувам, таа го подигнува маникирот на посебно ниво на креативност. Кога ќе ја посетам, таа тој ден ги средува само моите нокти, бидејќи ѝ се потребни околу 8 часа да ги направи“, истакнува оваа њујорчанка.

Не се грижат за коментарите на оние околу неа и вложува многу труд за да не скрши ниту еден од долгите нокти.

„Моите нокти се дел од мојата личност, со нив јас сум вистинската јас. Ако некој од моите нокти пукне до таа мера да не може да се поправи, ќе бидам многу тажна“, искрено вели таа.

Посебно нагласува дека нејзините претерано долги нокти воопшто не ѝ пречат и дека нормално ги извршува сите секојдневни обврски, а работи и како дадилка.

„Се надевам дека ќе го соборам светскиот рекорд за најдолги нокти. Тие се мои бебиња“, заклучи таа.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Чек дис аут

Како звучеле јазиците на Викинзите, Ацтеките, Египќаните, Римјаните...?

Read more

Инфлуенсерски сон: Дизајнерски чизми со Телетабиси чинат 2.500 долари

Read more

Австралиец го собори светскиот рекорд - сурфаше повеќе од 30 часа

Read more

Дали е добро да слушате музика додека работите?

Read more
 

Магазин

  • filter

Ратајковски се потстрижи, фановите разочарани: Фризура за баби

Читај повеќе
  • play_arrow

Што треба да правите на секој тренинг за подобри резултати?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како звучеле јазиците на Викинзите, Ацтеките, Египќаните, Римјаните...?

Читај повеќе

Бонтон vs обичаи: Дали на гости треба да се соблекуваат чевлите?

Читај повеќе

Што да јадете за здрав црн дроб?

Читај повеќе

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Читај повеќе

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци ги очекува невидена среќа и пари во април?

Читај повеќе

Како да направите домашна пица како вистински мајстор?

Читај повеќе