Ах, радоста на купување на дом. Но, откако сте го комплетирале вселувањето, ваша одговорност е неговото одржување - или со други зборови сега вие сте тој што треба да го поправи вентилот што протекува, да ја стегне чешмата или шарката од вратничката во кујната.
Ведрата страна? Неколку основни алатки во вашиот дом може да ви помогнат ситните поправки да ги направите сами и да си заштедите пари, бидејќи мајстор дома не влегува под илјадарче за наједноставни ситни поправки кои траат по неколку минути.
Но, од друга страна нема ништо поскапо и од неквалитетен алат. Затоа, ви подготвивме предлог листа со квалитетни алатки по најдобри цени кои се поребни во секој дом.
1. Батериски одвртувач
Или народски кажано - штрафцигер на батерија. Една од најупотребуваните алатки во домовите - одличен за составување парчиња мебел, зацврстување на шарки од елементи и секаков вид интервенции кога нешто е расклатено или треба да се замени. Доаѓа со цел сет на глави и големини што ви се потребни.

Батериски одвртувач 3.6V 1.5Ah со брз полнач, од реномираниот производител на алати BLACK+DECKER. Редовна цена: 3.499 денари, цена со попуст 2.599 денари, со бесплатна испорака.

Xiaomi Mijia е безжичен одвртувач со ергономски дизајн, создаден да овозможи што поедноставно ракување и да ги поедностави секојдневните поправки. Опремен е со магнетски мотор со јачина до 5Nm.
Батеријата е со капацитет од 2000mAh, а истата ќе ви овозможи одвртување до 180 шрафови со едно Опремен е со LED индикатор кој автоматски се вклучува кога ќе го притиснете копчето. Цена: 2.890 денари со бесплатна испорака.

Батериски одвртувач 3.6V 1.5Ah 5.5Nm BLACK+DECKER. Редовна цена: 3.399 денари, цена со попуст 1.799 денари.
2. Батериски дупчалки
Чести се ситуациите кога во домот имаме потреба да направиме дупка во различен материјал, како на пример при монтажа на држач за телевизор на ѕид, корниза или лустер на таван или било каков елемент во дворот. Со соодветен алат, оваа задача ќе ја изведете брзо и лесно, а и не треба да се грижите да имате приклучок за струја до вас и ја елиминира потребата од кабел на тешко пристапни места. Плус, може да ја користите и како батериски одвртувач.

Батериска вибрациска дупчалка/одвртувач 18V 1.5Ah - BLACK+DECKER, со вибрации за бетон и цигла со мотор од 18V и вртежен момент од 45Nm. Погодна за работа со различни типови материјали. Доаѓа со 1 батерија од 1.5Ah и брз полнач и картонска кутија. Редовна цена: 6.999 денари, цена со попуст 5.499 денари со бесплатна испорака.
3. Клучеви
Практична и лесно достапна алатка, корисна за во домот, автомобилот, велосипедот и вашата работилница. Предлог сет рачка со пет големини на клучеви од 6, 8, 10, 11 и 13mm. Редовна цена: 1.199 денари, цена со попуст 699 денари.

4. Клешти
Повеќенаменска алатка со 12 функции изработена од високо квалитетно не рѓосувачко железо. Ергономска рачка и лесно достапни алатки. Содржи универзална клешта со сечица, пила, турпија, метро, плосната одвртка, Ph одвртувач, ноже, отворач за шишиња, отворач за конзерви. Редовна цена: 999 денари, цена со попуст 699 денари.

5. Метро
Тоа што со алатот ќе го направите, за да биде како што треба - треба прво два пати да го измерите со метро.

Сакате да нарачате или имате некое прашање? Пишете ни слободно на нашата Facebook страница. Ви посакуваме лесна, брза и успешно завршена работа со квалитетен алат.