5 работи кои никогаш не треба да ги правите со вашата коса

Здравата и негувана коса е императив за речиси секоја жена, но одредени навики кои ги применуваме може значително да го уништат нејзиниот квалитет.

Тејлор Роуз од Мичиген е трихолог - специјалист за коса и скалп, како и во спектарот на сродни нарушувања поврзани со развојот на косата, и ја проучува и третира косата и скалпот, а сега на сите припаднички на понежниот пол им даде некои вредни совети.

Избегнувајте пунџи

Тејлор вели дека не треба да ја обликувате косата во пунџа повеќе од еднаш неделно. Според неа, тоа може да предизвика „влечење“ на косата.

„Не треба да претерувате“, вели таа.

Не користете често гумички за коса

„Од време на време нема штета, но ако стално ги користите овие тврди гумички можете да ја скршите косата точно на средина“, вели оваа експертка.

Наместо обични гимички за коса, таа препорачува да користите свилени или сатенски гумички за коса.

Никогаш не скокајте во базен со сува коса

Тејлор Роуз вели дека косата е како сунѓер, кој апсорбира хлор и хемикалии кои се наоѓаат во водата во базенот. Наместо тоа, таа препорачува темелно да ја навлажнете косата со чиста вода пред да влезете во базен, со што ќе се погрижите водата од базенот што помалку да ја оштети косата.

Не спијте со мокра коса

„Забележав огромна разлика во здравјето на мојата коса кога престанав да го правам ова“, вели Тејлор, која додава дека косата е најслаба кога е мокра.

„Спиењето со мокра коса може да направи многу штета. Косата се состои од 33% водородни и јонски врски, а двете се 'кршат' од водата и се реформираат кога е сува, што значи дека косата е чувствителна на оштетување кога е влажна“, истакнува Тејлор.

Не ја фенирајте веднаш по миењето

Совет на Тејлор Роуз е да ја оставите вашата коса да се исуши 85% пред да ја фенирате и стилизирате.

„Кога косата е слаба, треба да избегнувате каква било штетна активност, а топлината е една од најштетните“, вели таа.

Тагови
реклама

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе