5 знаци дека партнерот не се однесува фер во врската

Ако постојано се чувствувате дека нема фер однос во вашата врска, има големи шанси дека имате проблем во начинот на кој комуницирате со вашиот партнер.

Бара премногу од вас, а понекогаш очекувањата се нереални. Како резултат на тоа, се јавува дисбаланс на моќта што не можете да го игнорирате.

Се разбира, во една врска и двајцата даваат и земаат и не може да очекувате дека ќе бидете секогаш 100% изедначени. Но има разлика меѓу делегирање на обврските и пружање внимание и наметнување обврски и барање на целото внимание од партнерот.

Психотерапевтите за двојки идентификуваат неколку видови на однесување кои откриваат дека вашиот партнер не е фер кон вас во врската.

Сака да знае каде сте 24/7

Сосема е ок да се „пријавите“ дека безбедно сте стигнале кога патувате или да се јавите дека сте тргнале од работа ако треба нешто да правите заедно или да донесете дома, но не е кул партнерот да бара од вас „отчет“ за секое ваше движење во текот на денот.

Ваквото однесување е опсесивно и контролирачко и е јасен знак за небалансирана динамика на моќта во врската. Тоа е уште посериозно ако и самиот не го прави истото, односно за вас е мистерија каде е и што прави кога не е со вас.

Ги носи сите одлуки

Во балансирана врска и двајцата имате збор кога се одлучува за нешто што ве засега како двојка, од големите одлуки како каде ќе живеете, до најмалите, на пример што ќе јадете или кој филм ќе го гледате.

Ако партнерот постојано ги прави сите планови и ги носи сите одлуки, дури и кога вие покажувате дека имате поразлично мислење или желба, јасно е дека не игра фер.

Кога партнерот ве исклучува од процесот на донесување одлука, не само што не ги зема предвид вашите чувства, туку и оддава впечаток дека не смета дека вашето мислење е важно и вредно. Тоа може да биде „врвот на сантата мраз“на поголеми проблеми во вашиот однос.

Не го цени вашето време

Ако сте забележале дека другиот е оној кој постојано доцни, откажува или одложува средби или патувања, поради лични или професионални обврски, тоа покажува дека не го цени вашето време и ве има земено „здраво за готово“ дека вие сте му секогаш на располагање.

Тоа понатаму во врската може да се манифестира со префрлање на обврските што може и двајцата да ги завршите, но тој еднострано решава дека вашите други обврски и слободно време не се толку важни колку неговите.

Го бара целото ваше слободно време

Ова однесување до некаде се надоврзува на претходното. Ако партнерот бара од вас да го поминувате со него целото време кога не сте на работа или немате обврски поврзани со семејството, тоа е знак на посесивност. Се вознемирува од самата помисла дека би правеле нешто сами или дека би се забавувале со вашите пријатели, без него.

Ваквото однесување не само што не е фер, туку е и знак на непочитување кон вас и несигурност од негова страна. Ова е алармот што ви јавува дека мора да разговарате со вашиот партнер.

Бара поддршка, но не ја нуди

Никогаш не е во ред партнерот постојано да ја бара вашата поддршка за нештата кои тој сака да ги прави или да ги правите заедно, а никогаш да не ви возвраќа со поддршка кога вам ви е тоа потребно.

Ова се надоврзува на немањето почитување за вашето мислење и вашето време, што неретко е знак дека нема почитување за вас како самостојна и вредна личност. Животот со партнер кој не ве поддржува може да биде тежок и измачувачки, затоа кажете му на партнерот што ви треба и разговарајте отворено каква е вашата врска и каква може да биде. Ако немате исти очекувања, подобро е да ја прекинете врската.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе