ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2021

Абрамович подготви 230 милиони за засилувања, Тухел веќе има 3 желби

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, е во еуфорија поради освојувањето на Лигата на шампионите и одлучи буџетот за засилувања во летниот преоден рок да изнесува 230 милиони евра, пишуваат англиските медиуми.

Германскиот стратег Томас Тухел веќе планира да доведе тројца играчи и тоа Ромелу Лукаку, Деклан Рајс и Адама Траоре.

Челси веќе еднаш го имаше купено тогаш 18-годишниот Лукаку, но на „Стемфорд Бриџ“ немаа трпение, па го испратија на позајмица, а по откупот подоцна играше за Евертон и Манчестер Јунајтед, додека денес е најдобар стрелец на Интер.

Минатата сезона постигна 24 гола и имаше 9 пати асистираше, но Интер е во финансиски проблеми и поради тоа летово ќе мора да продаде некои од своите најдобри играчи за да ја пополни финансиската дупка.

Челси всушност сака да го врати и Рајс, бидејќи дефанзивниот играч за врска беше во младинскиот погон на „Сините“ цели 8 години, сè до 2014 година кога отиде во Вест Хем. Сега има 22 години и Тухел навистина сака да го донесе, особено што освен како последен играч за врска, може да игра и како стопер.

Траоре е производ на школата на Барселона, од каде пристигна на Островот пред 5 години, и би бил идеален за формацијата на Тухел од 3-4-3, каде што би можел да игра и како латерален бек и како крилен напаѓач.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе