ЗИМСКИ ТРАНСФЕР ПЕРИОД 2020

Адеми ги одби шеиците, сака само во големата европска петорка

Ако си замине од загрепски Динамо тоа би го направил единствено за да игра во едно од петте најдобри првенства на светот, а сите тие се во Европа.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми одби богата понуда од клубот Ал Наср од Обединетите Арапски Емирати. Понуда која нему лично ќе му донесеше огромна плата, а со трансферот голем ќар ќе оствареше и Динамо.

Но, на Адеми не му се игра во ОАЕ. На 28 години има уште многу што да покаже, а како што вели тренерот Ненад Бјелица, доколку Адеми си замине сака тоа да го покаже во Премиер лигата, Серија А, Бундеслигата, Ла Лига или пак во Лиг 1.

„Да, синоќа се заврте приказната околу заминувањето на Аријан Адеми, тој доби чудесна понуда за голема заработка, а во тој случај добро ќе поминеше и клубот. На нашиот играч, долгогодишниот капитен, не сакавме да му правиме никакви проблеми. Адеми има 28 години и заслужува сам да одлучува за тоа каква ќе биде неговата иднина. Јас како тренер во такви ситуации ги оставам играчите сами да одлучат, а се чини дека Аријан навистина ќе нѐ напушти“, рече Бјелица за веднаш потоа да додаде: „Еве, токму сега ми ѕвони Аријан, морам да одговорам. Ќе ми јавам што завршам со него“.

За 5-6 минути Бјелица си го остварил ветувањето, се јавил назад кај новинарот на дневниот хрватски весник 24sata.

„Сега разговаравме, Адеми одлучи да остане во Динамо. Вели дека не сака да го напушти Динамо, поготово доколку не се работи за понуда од некоја од најдобрите пет лиги. Нормално дека ќе ја почитуваме неговата одлука, тој и натаму останува важен играч на Динамо“.

Коментарите на навивачите на „Модрите“ ширум интернетот се со големо воодушевување за изборот на македонскиот репрезентативец. Тој е веќе легенда на клубот, ги одби парите на шеците за да остане во Динамо и да го чека трансферот кој можеби никогаш нема да се случи. Но, барем ќе биде среќен во Динамо, во Загреб.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе