Адеми продолжува со Динамо, доби и специјален дрес

Македонскиот репрезентативец и капитен на „Модрите“ потпиша нов петгодишен договор со хрватскиот гигант.

Аријан Адеми и овој преоден рок не го напушти загрепски Динамо. Имаше шпекулации кои го поврзуваа со шпански Бетис, а потоа беше и пред трансфер во Ал Наср од Обединетите Арапски Емирати, но одлучи дека тоа не му е предизвик.

„Зборував дека ќе си одам, но во еден момент увидов дека тоа сепак не е правиот пат за мене и дека тоа не е она го сакам во животот. Се премислив“, почнува Адеми.

„Ќе останам тука до крајот на кариерата, освен ако не стигне некоја понуда од клуб кој игра во големата петорка. Овде направив сѐ, играв за Динамо, играв во Лигата на шампионите. Сепак, имам и други цели. Сакам да бидам најтрофејниот играч во историјата на Динамо, да бидам оној со најмногу европски настапи... исто така, сакам повторно да играм во Лигата на шампионите со Динамо, да пројдам во осмина-финалето“. Оваа сезона неговиот тим беше многу блиску до историски пласман во осминафиналето, но на крајот по одлучувачкото последно коло сепак извиси.

По повод продолжувањето на верноста управата на клубот одлучи да пушти во промет посебни limited edition дресови од својот капитен. На ракавот на неговиот дрес стои неговата силуета.

„Среќен сум поради ова. И јас ќе си го купам дресот... ќе видиме како ќе оди продажбата на тие 199 limited edition дресови“, заврши Аријан кој со репрезентацијата на Македонија има шанси и да игра на ЕУРО 2020 доколку ги мине претстојните бараж натпревари.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе