Администраторот и креаторот на „Јавна соба“ повикани во полициска станица

Скопје, 28 јануари 2020 (МИА) – Две лица, од кои едниот администратор, а другиот креатор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, вчера биле повикани во полициска станица.

Ова денеска го објави дополнителната заменичка-министерка Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил.

Истрагата на Бирото за јавна безбедност за групата „Јавна соба“, во која над 7.000 членови меѓусебно си споделувале фотографии со експлицитна содржина, некои преземени од Интернет, а некои од приватни конверзации, меѓу нив и од малолетни девојчиња на возраст од 12-13 години, продолжува.

Петровска нагласи дека по извршените разговори и прибавените докази против нив ќе биде поднесена кривична пријава и додаде дека продолжува со активности за евентуална вмешаност и на други лица.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, пак, изјави дека поднесено е барање до компанијата „Телеграм“ со седиште во Лондон да се идентификуваат двајца администратори и двајца модератори на групата „Јавна соба“, а истовремено се прават криминалистички контроли на терен.

Полицијата спроведува криминалистичка контрола на терен и дадени се насоки до инспектори во сите СВР за на терен да се собираат информации за идентификување на лицата кои биле модератори и администратори на групата, но и за сите учесници во групата кои го прекршиле законот „за производство и дистрибуција на детска порнографија“ и „злоупотреба на лични податоци“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе