Адвокатите на обвинетите во „Титаник“ не сакаат „бомбите“ да се слушаат во судница

Скопје, 16 август 2018 (МИА) - Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, како десеттина други поранешни функционери.

На почетокот на рочиштето, на кое како доказни материјали требаше да се слушаат поваќе од 1.000 „бомби“, еден адвокатите на Груевски, Еленко Миланов, забележа дека аудио снимките не се докази што судот ги добил како оргинали, туку се преснимувани.

Миланов и другата адвокатка на Груевски, Сања Алексиќ, го побараа на увид записникот за предавање на бомбите од СДСМ во СЈО.

Во „Титаник“, покрај Груевски, Јанакиески и Јанкуловска, обвинети се и Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
 
Тие според СЈО се одговорни за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.
 
Минатото рочиште за „Титаник“ требаше да се одржи на 3 јули, но беше одложено поради неприсуство на Гордана Јанкулоска која, како што извести нејзината адвокатка Сања Алексиќ, се наоѓаше во болница по породувањето. Судијата Осман Шабани тогаш рече дека обвинетата Јанкулоска има право 45 дена да не биде повикувана на судски рочишта, поради што го одложи судењето за „Титаник“ за 16 август.
 
На почетокот на денешното рочиште судијата Османи ја праша Јанкулоска дали сега е се во ред со неа и дали може да присуствува на судењето, на што таа потврдно одговори.
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе