Адвокатка за развод ја откри најчеста причина зошто се распаѓаат браковите

Британската адвокатка за развод која ја нарекуваат и „кралица на разводите“, Ајеша Вардаг, објасни кои според неа се најчестите проблеми во бракот, за кои паровите ги бараат нејзините услуги.

Таа вели дека луѓето сè почесто се разведуваат како резултат на незнаење да ја користат модерната технологија, па нивните партнери наоѓаат пораки, фотографии или апликации кои не треба да ги имаат.

Сепак, посочува Вардаг, најчеста причина за развод е тоа што сопружниците се оддалечуваат со текот на времето.

„Тие престануваат да обрнуваат внимание на бракот и еден на друг. Ова може да му се случи на секого, без разлика колку бил добар бракот претходно“, вели таа.

„Секогаш велам дека повеќето разводи се случуваат затоа што сфаќате дека личноста со која сте повеќе не е личноста со која сте стапиле во брак“, изјави таа за Mirror.

Денеска, додава таа, голем проблем е што поради астрономското зголемување на трошоците за живот и стагнацијата на пазарот на недвижности, дури и по разводот, луѓето често остануваат заробени во исто домаќинство со своите поранешни партнери.

Некои мораат да се вратат кај родителите или да се преселат кај возрасните деца, што не е лесно за никого - вели Ајеша, која и самата е разведена, и додава дека е многу важно на крајот од бракот да се препознае дека односите понекогаш едноставно се менуваат и дека разводот не е ничија вина.

„Денес, во модерното време, тешко е да се одржи бракот, особено затоа што животниот век трае до сто години. Останува многу време во кое треба да се совпаднете со друго суштество во неговите различни фази од животот“, заклучи таа.

Сепак, истакнува таа, разводот не мора да биде крај, туку може да биде нов почеток на врската, но и почеток на поинаков однос со себе.

„По разводот, можеме да останеме во добри односи со поранешниот партнер и да имаме добар и избалансиран живот во кој градиме кариера и се развиваме, воспоставуваме некои нови врски и имаме доволно време и простор за нови интереси“, вели таа.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Љубов и секс

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе