Агелер: Под истрага се политичари, луѓе од правосудството и бизнимени

Соединетите Американски Држави сѐ уште не ги објавуваат имињата на оние кои се под истрага за корупција и кои можеби се дел од нивната црна листа, но, велат дека нема ограничувања за тоа кого може да вклучи оваа листа.

Во интервју за „Патот кон“ на Алсат, американската амбасадорка Енџела Агелер, вели дека институциите во Вашингтон се многу внимателни во темелните истраги за имињата што ги разгледале, пред да ги објават. Во истрагите се вклучени политичари, луѓе од правосудниот сектор и бизнисмени. Агелер рече дека зависи од институциите на земјата во Скопје, за тоа што ќе прават со овие лица.

– САД може да санкционираат поединци, но ние не ги апсиме, не доаѓаме овде да ги апсиме, само им кажуваме дека им наметнуваме одредени финансиски санкции или дека повеќе нема да можат да патуваат кон САД, или каква било форма на санкции што ќе ги добијат. Значи, САД може да кажат, еве имате две имиња на луѓе кои ќе ги санкционираме, и како што видовме со случаите што ги наведовте, санкциите остануваат и покрај судските одлуки што се донесени за тие лица, но не поттикнуваат никакви судски процеси овде. Ова ѝ припаѓа на Владата на Северна Македонија, на функционерите избрани од народот на оваа земја. Тие треба да кажат: бараме од нашите избраници да преземат одговорност за корупцијата што ја гледаме секој ден, истакнува Агелер.

Прашана за последниот проект за изградба на коридорите 8 и 10Д, американската амбасадорка рече дека институциите треба да ги истражат евентуалните сомнежи за локалната компанија која ги надгледува работите. Таа додаде дека американската компанија Bechtel, која го гради проектот, воопшто не е поврзана со овие сомнежи.

– Мислам дека мислите на сомнежите за советниците за финансиски трансакции. Ова е засебно прашање од договорот со Bechtel-ENKA, кој беше потпишан пред 10-ина дена, и за тој договор за најголемиот инфраструктурен проект во историјата на оваа држава сме исклучително горди. Она што постојано го кажуваме е дека ако има наводи за корупција, истражете ги. Истражете ги сомнежите и ако се вистинити, покренете кривично гонење! Но, многу сме сигурни дека не се за Bechtel, вели Агелер во интервјуто за Алсат.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе