Акциите на Apple паѓаат и покрај солидната продажба на iPhone 15

Apple соопшти дека генерирала 119,6 милијарди долари во продажба и 33,92 милијарди долари профит во првиот квартал од својата фискална година, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите, но вредноста на нејзината акција сепак паднала, бидејќи инвеститорите биле разочарани од приходите од продажба на кинескиот пазар на паметни телефони, најмногу на глобално ниво, каде што се соочува со конкуренција од Huawei.

Продажбата на Apple се зголеми во последниот квартал од минатата година за 2 отсто во однос на истиот период претходната година, со што компанијата го запре падот на продажбата по четири квартали, благодарение на продажбата на iPhone 15. Истовремено, профитот се зголеми за 13 отсто.

Приходите од продажбата на iPhone во тој период достигнаа 69,7 милијарди долари или 6 отсто повеќе во однос на истиот период претходната година, а тоа е повеќе од очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа продажба од 67,82 милијарди долари. Но, на кинескиот пазар, продажбата на тој најпрепознатлив производ на Apple достигна 20,82 милијарди долари, што е речиси три милијарди под очекувањата на аналитичарите.

„Задоволни сме со растот на приходите на iPhone од 6 отсто. Особено силен, двоцифрен раст на продажбата беше на пазарите во развој, со исклучок на Кина, и на тие пазари iPhone работи добро. Кина е најконкурентниот пазар на паметни телефони во светот и тоа не се промени“, изјави извршниот директор на Apple Тим Кук во интервју за Reuters.

Цената на акцијата на Apple падна за 1,2 отсто по објавувањето на деловните резултати. Во јануари Microsoft го засени Apple како највредна компанија во светот, додека инвеститорите веруваат дека Apple заостанува во трката за употреба на вештачка интелигенција во споредба со другите технолошки гиганти од Волстрит.

Акциите на Apple паднаа за повеќе од 3 отсто од почетокот на 2024 година, во споредба со 2 отсто добивка за S&P 500. Counterpoint Research објави дека испораките на iPhone во Кина паднале во текот на кварталот, бидејќи кинеските потрошувачи барале нови телефони и мобилни телефони на склопување од Huawei, кој повторно го освои пазарот со водечки телефон напојуван со чип од домашно производство.

Apple исто така објави дека има 2,2 милијарди активни уреди ширум светот, што е за 200 милиони повеќе отколку на крајот на 2022 година.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе