Ахмети: Артан Груби ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем

Тетово, 19 август 2020 (МИА) – Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по денешната седница на партискиот Централниот Совет на ДУИ ги соопшти имињата на нивните кандидати за министри во новата Влада по договорот со СДСМ за поделба на ресорите.

– Ова владеење е владеење на рамноправноста. Утре ќе го избереме претседателот на Собранието, нашиот пријател Талат Џафери, а потоа и нашите други пријатели, Артан Груби како прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими како министер за финансии, Бујар Османи за надворешни работи, Крешник Бектеши во Министерството за економија, Насер Нуредини во животната средина и останува да се договориме со коалиционите партнери за министер во Министертвото за информатичко општество, рече Али Ахмети.

На новинарските прашања како се надминати несогласувањата на партиското членство од Чаир и Куманово со овие кадровски решенија, Ахмети рече дека имало дебата, а сите одлуки се донесени со договор.

– Мнозинството на Централниот одбор ги прифатија овие кандидати кои се предложени. Сите се овде од ограноците, нема партија која што нема што дебата за овие прашања. ДУИ секогаш е транспарентна и на крај сите ја поддржаа одлуката која е добиена со мнозинство. Нема вознемирувања, природно е овие прашања да имаат дебата до последен момент. Сите заседанија на артиски тела се во присуство на медиумите и транспарентни, истакна Ахмети.

Според претседателот на ДУИ, идната Влада како и во минато и во иднина со демократското начело на консензус ќе ги носи сите одлуки.

– Консензуалноста се применува во носење на буџетот, како и сите одлуки, таму каде што нема консензус нема функционалност. Сите влади се политички влади и на прво место за нас е начело на консензуална демократија. Тоа беше беше и порано и сега и нема да има никаква промена. Како ќе се регулираа во Владата носењето на одлука на премиерот и првиот вицепремиер не сум правник за да дадам интерпрертација, рече Ахмети.

На прашање како ќе пристапи новата Влада кон економскиот развој на земјата Ахмети рече дека има многу работи на кои ќе се посветат.

– Има проекти чие завршување знаеме дека ќе донесе придобивки за граѓаните. Тоа се автопатот Кичево-Охрид, Скопје-Качаник, гасоводот. Има многу проекти и инвестиции кои треба да продолжат, рече Ахмети.

За Насер Зибери кој беше кандидат за премиер, Ахмети исткана дека тој како нотар продолжува со својата работа и во иднина ќе се одлучува за евентуална функција.

Пред членовите на Советот, Ахемти порача дека 105.000 гласови и 15 мандати со право ја направија Демократската унија за интеграција победник на предвремените парламентарни избори кои се одржаа пред еден месец.

– Ова влада ќе го продолжи патот кон европската интеграција и евроатланското партнерство и ќе биде заштитник на Преспанскиот, Договорот за Добрососедство, и Охридскиот мировен договор, но и ќе спроведе ветинг во политиката и судството, и ќе се фокусира на економскиот развој, рече Ахмети.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе