Ако користите лозинки со овие термини, веднаш променете ги

Денеска е Меѓународен ден за побезбеден интернет. Овој ден се одбележува секоја година на вториот ден од втората недела од февруари, со цел да се промовира и поттикне побезбедно и поодговорно користење на технологијата и мобилните уреди.

Па, како да се заштитите од опасностите на интернетот? За почеток, користејќи безбедни лозинки. Ново истражување покажа дека повеќето луѓе сè уште мразат да смислуваат посигурни лозинки и покрај тоа што многу од нив биле жртви на хакерски напади.

Dojo, компанија со седиште во Лондон, анализираше 100.000 пробиени лозинки, според Националниот центар за сајбер-безбедност на британската влада (NCSC).

Утврдено е дека „123456“, „qwerty“ и „password“ се најчесто хакираните лозинки, објави Daily Mail.

„Овие секвенци се многу лесни за памтење и ги надминуваат јазиците и културите, што ги прави многу популарен избор на лозинки ширум светот“, велат од Dojo.

Утврдено е и дека имињата на домашните миленици или изразите како „љубов“, „бебе“ и „ангел“ се меѓу најчесто хакираните лозинки. Списокот вклучува и лозинки кои вклучуваат имиња на животни, бои или пцовки.

Експертите повикуваат на употреба на покомплицирани лозинки, со уникатни комбинации на букви и бројки, со употреба на автентикација во два чекора (2FA). 2FA бара од корисникот да обезбеди дополнителни информации со лозинката, како што е кодот испратен преку текстуална порака.

Ова се, според британскиот центар за сајбер безбедност, 20-те најчесто хакирани лозинки по категории:

1. Имиња на миленичиња/ изрази за приврзаност и љубов

2. Лични имиња

3. Животни

4. Емоции

5. Храна

6. Бои

7. Пцовки

8. Општи дејствија

9. Членови на семејството

10. Брендови на автомобили

11. Градови

12. Имиња на различни брендови

13. Земји

14. Спортови

15. Религии

16. Хобија

17. Временски услови

18. Пијалоци

19. Имиња на платформи за социјални медиуми

20. Хороскопски знаци

Тагови
реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Интернет

Google воведува AI режим: Пребарувањето би можело да изгледа како разговор со експерт

Read more

Најбогатата ѕвезда на OnlyFans со совет до девојките кои сакаат да отворат профили на платформата

Read more

Instagram има адут во трката со TikTok

Read more

Meta воведува тинејџерски профили за Facebook и Messenger

Read more
 

Гик

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Читај повеќе

Google го претставува Gemini 2.5 Pro: Најнапредниот AI модел досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботот Optimus покажа нови вештини: Фрла ѓубре во корпа, чисти и усисува

Читај повеќе

Xbox Game Pass Retro Classics нуди повеќе од 50 олдскул игрици

Читај повеќе

Типстер откри како ќе изгледа Xiaomi 16

Читај повеќе

Каде најчесто грешиме кога го чистиме телефонот?

Читај повеќе

Што подобруваат двете нови функции на Viber?

Читај повеќе

Counter Strike скинови од вредат повеќе од акции, злато и биткоини

Читај повеќе

Разбивање митови: Кислородот на Земјата доаѓа од океаните, не од дрвјата

Читај повеќе