Актери кои заработуваат милиони само од репризи на популарни серии

Главните улоги во популарните серија им носат голема плата на актерите, а сметките продолжуваат да им се полнат дури и по завршувањето на снимањето.

Па така, за репризирање на популарните серии во кои играле може да заработат повеќе и од хонорарите за снимањето.

Со изнајмување на правата за емитување (анг. syndication), со редистрибуција, објавување на DVD, продажба преку стриминг услуги или кој било друг начин за остварување дополнителен приход надвор од првично платениот хонорар, актерите добиваат плата и за авторски права.

Според Здружението на филмски актери на Американската федерација на телевизиски и радио уметници, некои актери заработуваат екстра пари, а некои не. Кај главните актери овие дополнителни исплати може да ги надминат оригиналните суми за хонорари, додека споредните актери не остваруваат никаква добивка потоа.

Friends

Десетте сезони на серијата „Friends“ се емитуваа помеѓу 1994 и 2004 година. Серијата направи ѕвезди од актерите Метју Пери, Мет Лебланк, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Лиза Кудроу и Џенифер Анистон, а последната стана една од најбогатите актерки на сите времиња.

Успехот на серијата продолжува да ѝ носи профит на актерската екипа, па во 2015 година, USA Today објави дека Warner Bros. од „Friends“ заработува милијарда долари годишно. Секоја од ѕвездите добива 2% од таа сума, што е еднакво на 20 милиони долари годишно.

Seinfeld

Една од најсаканите и најуспешни ситкоми на сите времиња, серијата „Seinfeld“, која нема конкретна тематика, имаше девет сезони до крајот на емитувањето во 1998 година. Најголемиот дел од исплатата за актерската екипа оди за Џери Сајнфелд и ко-креаторот Лери Дејвид.

Според International Business Times, актерите Џулија Луис-Драјфус, Мајкл Ричардс и Џејсон Александер немаат свој удел во популарната серија. Според New York Magazine, од еден циклус на изнајмување на правата за емитување на серијата, Дејвид и Сајнфелд може да заработат 400 милиони долари.

Everybody Loves Raymond

Стенд-ап комичарот Реј Романо, еден од најбогатите добитници на награда Еми на сите времиња, го зазеде 94-то место на Forbes листата на 100 најбогати познати личности во 2013 година. Иако Forbes ги спомена и неговите успеси на големото платно, како што е позајмувањето глас во франшизата „Ice Age“, беше посочено дека најголемиот дел од заработката на Романо доаѓа од продажбата на правата за закуп на долгогодишната ситком серија на CBS.

Секако, станува збор за серијата „Everybody Loves Raymond“ која траеше девет сезони до 2005 година и продолжува да се репризира на TV Land. На сметка на авторските права за серијата Романо може да заработи и до 18 милиони долари годишно.

Fraiser

Џон Махони, кој го играше Мартин Крејн во серијата „Fraiser“, изјави за Chicago Tribune дека од платата и профитот од продажбата на правата за изнајмување на серијата „има доволно пари во банка за да не мора никогаш повеќе да работи нешто што не сака“.

Една од најскапите телевизиски серии во продукција се емитува на Hallmark, Cozy TV и CBS Online. Џон Махони почина во 2018 година на 78-годишна возраст.

Two and a Half Men

Во 2011 година изби јавен конфликт помеѓу Чарли Шин и CBS за приватните животни проблеми на актерот, што на крајот доведе до отказ од во серијата „Two and a Half Men“. Серијата почна да ги продава правата на закуп три години претходно и постојано уживаше статус на највисоко оценувана серија работена по сценарио.

Тогаш Fox News шпекулираше дека Шин ќе заработи 100 милиони долари само од авторските права од самата серија, но Associated Press објави во 2016 година дека актерот ги продал своите права за 27 милиони американски долари.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе