Активни 10.785 случаи на COVID-19, вакцинирани 47 отсто од полнолетните граѓани

Бројот на активни случаи на COVID-19 во земјава е 10.785 лица, додека опфатот на вакцинација со една доза, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, покажуваат информациите на Министерството за здравство.

Заклучно со вчера, според информациите од МЗ, вкупно се вакцинирани 793.179 граѓани, ревакцинирани се 743.374, а трета доза примиле 571 граѓанин.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа, од направени 2.974 тестирања, регистрирани се 393 нови случаи. Оздравени се 397 пациенти, а 20 граѓани ја изгубиле битката со вирусот во последните 24 часа.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза COVID-19 од Мој Термин, пријавени се уште пет починати лица, со датум на смрт од 21.09.2021 до 02.10.2021 година.

Во Србија во овој момент се вакцинирани 2.907.688 лица, што е 54 проценти од полнолетната популација. 2.793.425 лица се ревакцинирани, што е 52 отсто. Третата доза ја примиле 655.370 луѓе или 12 проценти од населението, информираше вчера премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Во Црна Гора, 54,4 проценти од возрасната популација се вакцинирани со првата доза на вакцината, а 48,1 проценти се ревакцинирани. Досега се дадени 468.367 дози вакцини против COVID-19. Првата доза на вакцината ја примиле 248.628 луѓе или 40,1 проценти, а втората 219.739 или 35,4 проценти од вкупното население.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more
 

Вести

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе