НХЛ ПЛЕЈ-ОФ 2021/22

Актуелните шампиони на чекор до НХЛ финалето

Во петтиот натпревар од финалето на плеј-офот на Источната конференција од НХЛ, актуелниот шампион Тампа Беј Лајтнинг го совлада Њујорк Реjнџерс со 3:1 и поведе со 3:2 во серијата до четири победи.

Тампа ќе ја има првата меч топка за влез во големото финале на 11 јуни на мразот на својата „Амели Арена“, а евентуалната седма би се играла повторно во Њујорк.

Победникот на Истокот во големото финале ќе игра против Колорадо Аваланш кој го елиминира Едмонтон Ојлерс со високи 4:0 во партии.

Рејнџерс ја отворија финалната серија со две победи во исконската „Медисон Сквер Гарден“ арена (6:2, 3:2), но Тампа возврати со три победи (3:2, 4:1, 3:1) и го сврте резултатот во нивна полза.

„Сѐ уште не сме ја добиле серијата, само водиме со 3:2. Ќе се обидеме да останеме фокусирани“, изјави тренерот на Тампа, Џон Купер.

По првата третина без голови, домаќинот поведе во 31. минута со голот на Рајан Линдгрен, но седум минути подоцна израмни Михаил Сергачјов.

Мирисаше на продолжение, кога Ондреј Палат постигна гол за водство на Тампа на две минути пред крајот, а Брендон Хејгел ги постави конечните 3:1 на 59 секунди пред крајот. Одличен беше и голманот на Тампа, Андреј Василевски, кој сопре 24 удари на домашните хокеари.

„Бевме трпеливи. Знаевме дека ќе биде вистински предизвик во оваа арена. Продолживме со нашиот план за игра и бевме наградени“, додаде капитенот на Тампа, Канаѓанецот со македонско потекло, Стивен Стамкос.

Њујорк Рејнџерс со овој пораз ја прекина серијата од осум последователни победи на домашен терен.

„Овој пораз дефинитивно боли. Загубивме тесно, играта можеше да се сврти во наша корист. Мислам дека тоа го прави уште пофрустрирачки“, рече дефанзивецот на Рејнџерс, Џејкоб Труба.

Тагови
реклама

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе