Албанија седма по производство на канабис во светот

Во најновиот светски извештај за дрога објавен од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), Албанија се споменува како еден од водечките светски одгледувачи на канабис.

– Според извештајот, Албанија е седма во светот меѓу најспомнуваните земји за потекло, тргнување и транзит на канабис за периодот 2016-2019 година, (од вкупно 154 земји) по Мароко, Авганистан, Шпанија, Холандија, Пакистан и Либан, пренесува Top Channel.

Во извештајот се наведува дека канабисот се произведува нелегално во секој регион во светот.

– Одгледувањето на канабис било пријавено или преку директни показатели (како што се одгледување или уништување растенија, или уништување на засадени полиња) или индиректни показатели (заплени за количини, извештаи за потеклото на запленетиот канабис) од најмалку 154 земји за периодот 2010-2020 година, стои во докуменот.

Албанија се споменува и во таканаречената балканска рута за хероин, која започнува од Пакистан, поминува низ Сирија, Турција, Грција, Албанија и завршува во западноевропските земји.

– Друг извештај, неодамна објавен од Европскиот центар за мониторинг на дрога (EMCDDA) пред околу еден месец, покажа дека албанските криминални групи, од 2017 година, не само што се прошириле, туку и станале пософистицирани, контролирајќи го и увозот и дистрибуцијата на кокаин од земјите од Латинска Америка на европските пазари, наведува телевизијата.

Според извештајот на UNODC, легализацијата на канабисот во делови од светот се чини дека ја забрзала секојдневната употреба и влијанијата поврзани со здравјето.

– Извештајот, исто така, дава детали за рекордните зголемувања во производството на кокаин, проширувањето на синтетичките дроги на пазарите во развој и постојаните недостатоци во механизмите за третман на дрога, особено за жените, посочува Top Channel.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе