Алкохолот може да ги оштети матичните клетки и да предизвика рак

Отсекогаш сме знаеле за општата штетност од алкохолот, но добро е кога има и конкретни студии.

Внесувањето на алкохол во организмот доведува до формирање на штетна хемикалија која може трајно да ја оштети ДНК на матичните клетки, а тоа го зголемува ризикот од развој на рак, открија британските научници.

Експертите од целиот свет веќе подолго време предупредуваат на сознанието дека консумирањето големи количини алкохол придонесува за појава на дури седум видови тумори (уста, грклан, грло, хранопроводник, дојка, црн дроб и дебело црево).

„Одредени видови на рак се развиваат поради оштетување на ДНК во матичните клетки. Иако некои од нив настануваат сосема случајно, резултатите од нашата студија упатуваат на сознанието дека внесувањето на големи количини алкохол го зголемува ризикот од овие видови оштетувања“, вели еден од авторите на студијата, професор по молекуларна биологија на Лондонската лабораторија за молекуларна биологија и медицински истражувања, д-р Кетан Пател.

Британските научници ја спровеле студијата на глувци. За да откријат каква штета може да предизвика на телото ацеталдехидот, штетна супстанција произведена при разградувањето на алкохолот во телото, користеле анализа на хромозомите и секвенционирање на ДНК.

Во текот на експериментот, на глувците им беше даден разреден алкохол, а потоа беше проценето влијанието на алкохолот врз ДНК на овие животни.

„Тие открија дека ацеталдехидот се распаѓа и ја оштетува ДНК во матичните клетки на крвта, што доведува до нарушување на хромозомите и трајно ја менува структурата на ДНК во тие клетки“, соопшти британскиот Центар за истражување на ракот, кој помогна во кофинансирањето на студијата.

Оштетувањето на ДНК резултира со смрт на клетките, а во исто време предизвикува природна реакција на телото на закрепнување. Меѓутоа, ако ДНК не успеа да се поправи правилно, тогаш се развива рак. Оштетувањето на матичните клетки влијае на развојот на ракот, тврдат научниците.

Резултатите од предметната студија овозможуваат детален увид во начините на кои алкохолот може да го зголеми ризикот од развој на споменатите седум видови тумори.

Истражувачката агенција на Светската здравствена организација (СЗО) го класифицирала алкохолот во првата група канцерогени состојки, повикувајќи се на „убедливи докази“ кои докажале како алкохолот влијае на развојот на ракот во човечкото тело.

Резултатите од оваа студија на британските научници беа објавени во стручното списание Nature.

Продолжете да читате: Пиењето алкохол нема здравствени придобивки за луѓето помлади од 40 години

реклама

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе