Американците ќе погубат брутален убиец со метод кој досега не бил користен

Макфакс
/ 10.11.2023 / 10:34

Алабама го закажа првото погубување со азотна хипоксија во САД, алтернатива на смртоносната инјекција, објави гувернерот Кеј Ајви. Егзекуцијата на Кенет Смит треба да се случи на 25 или 26 јануари следната година, се наведува во соопштението за печатот на републиканскиот гувернер, пренесува CNN.

Смртта од азотна хипоксија ги лишува мозокот и телото од кислород, па затвореникот умира од задушување, според Информативниот центар за смртна казна, непрофитна организација која следи, анализира и шири информации за смртната казна. Новиот развој во случајот на Смит доаѓа откако Алабама ги паузираше егзекуциите минатата есен и ја промени процедурата за извршување по проблемите со смртоносните инјекции.

Алабама ги финализираше првите протоколи за новиот метод во август, откако нејзиниот законодавен дом одобри алтернативен метод во 2018 година, според Информативниот центар. Државата има 165 затвореници кои чекаат смртна казна, според државниот Оддел за затворски казни. Адвокатите на Смит се „разочарани“ откако гувернерот му одреди датум на извршување на нивниот клиент.

„Ние ќе продолжиме да бараме да ги оправдаме правата на г-дин Смит преку судскиот процес. Како и единаесетте поротници кои не веруваа дека Смит треба да биде погубен, ние остануваме со надеж дека оние што го разгледуваат овој случај ќе видат дека ова е уште еден обид за егзекуција – овој пат од експериментален, досега некористен метод и со протокол кој никогаш не му бил целосно откриен на него или на неговиот адвокат – неоправдано и нефер“, велат тие.

Инаку, Смит е осуден за убиството на Елизабет Дорлен Сенет во 1988 година, кое според судот го извршил со соучесник. Двајцата биле ангажирани од сопругот на Сенет, кој бил вмешан во аферата со тоа што договорил голема осигурителна полиса за неговата сопруга.

Случајот на Смит беше суден од пороти двапати, се сеќава државниот обвинител на Алабама, Стив Маршал. И двете резултираа со виновни пресуди. Во повторното судење во 1996 година, поротата на Смит гласаше со 11-1 за да препорача доживотен затвор, но судијата го отфрли и изрече смртна казна.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе