Американците не ја исклучуваат можноста коронавирусот да излегол од лабораторија

Американските разузнавачки служби не ја исклучуваат хипотезата дека се случил инцидент во кинеска лабораторија, како објаснување за почетокот на епидемијата на коронавирус во Вухан, Кина, соопштија вчера официјални претставници.

„Разузнавачката заедница не знае точно каде, кога и како вирусот првпат се пренел“, изјави директорката за разузнавање Аврил Хајнс пред Комитетот на Сенатот.

Таа зборуваше за две можни теории што може да го објаснат потеклото на коронавирусот: човечки контакт со заразени животни или лабораториски инцидент.

Таа додаде дека се работи на ова прашање и собирање информации за да се разјасни потеклото на пандемијата.

„Правиме сѐ што можеме и ги користиме сите ресурси со кои располагаме за да го расветлиме ова“, рече директорот на ЦИА, Вилијам Барнс.

„Но, она што за нас и нашите експерти е јасно е дека кинеските лидери не беа целосно искрени или транспарентни во соработката со Светската здравствена организација (СЗО)“, рече тој.

Во извештајот објавен кон крајот на март, експертите на СЗО ја оценија како „крајно малку веројатна“ теоријата дека вирусот излегол од Институтот за вирусологија во Вухан, градот каде што првпат се појави SARS-CoV-2 кон крајот на 2019 година.

Но, директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, побара истрагата за таа веројатност да се продолжи уште неколку дена. додавајќи дека меѓународните експерти му кажале колку е тешко да се дојде до податоци за посета на Кина.

Тезата дека вирусот излегол од лабораторијата ја поддржа и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, додека Кина секогаш ја негирала можноста.

Тагови
реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе