Американскиот актер Арми Хамер обвинет за силување

Славниот американски актер Арми Хамер е обвинет за силување кое се случило во 2017 година во Лос Анџелес, пренесе BBC.

Обвинението е изнесено од 24-годишна жена позната како Ефи, во текот на виртуелна прес-конференција во текот на вчерашниот ден.

34-годишниот Хамер ги негира обвинувањата, а неговиот адвокат изјави дека се ужасни. Полицијата од Лос Анџелес потврди дека Хамер е осомничен за силување, а истрагата е започната на 3 февруари.

Ефи изјави дека со Хамер се запознала преку Facebook  во 2016 година и набргу се вљубила во него. Таа тврди дека во текот на врската, актерот користел „тактика на манипулација за да има контрола над неа“. Наводно ја тестирал нејзината лојалност и ја минал нејзината граница бидејќи станувал сè понасилен. Исто така, Ефи тврди дека Хамер ментално, емотивно и сексуално ја злоставувал, за да на крајот ја силува на 24 април 2017 година.

„Арми Хамер ме силуваше 4 часа во Лос Анџелес и во неколку наврати ја удираше мојата глава од ѕид. Лицето ми беше повредено. Се обидов да избегам, но не ми дозволи, мислев дека ќе ме убие. Подоцна си замина, а не се грижеше за мојата состојба. Бев во шок, не можев да поверувам дека некој кој го сакам, може да го направи тоа“, изјави Ефе.

Таа тврди дека по наводното силување размислува за самоубиство и истакна дека се чувствува виновна што порано не проговорила за овој случај.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе