Американско разузнавање: Русија насочена да му наштети на Бајден, Кина сака Трамп да загуби

Вашингтон, 8 август 2020 (МИА) – Висок официјален претставник на САД oд контраразузнавањето предупреди дека Русија, Кина и Иран ќе се обидат да влијаат врз претседателските избори во САД, со тоа што Русија веќе се обидува да го поткопа веројатниот кандидат за демократите Џо Бајден.

Директорот на Националниот центар за контраразузнавање и безбедност Вилијан Еванина рече дека државите користат дезинформации преку интернет и други средства во обид да влијаат врз гласачите, да предизвикаат немири и да ја поткопаат довербата на американските гласачи во демократскиот процес.

Противници однадвор исто така може да се обидат да се мешаат во американскиот изборен систем, обидувајќи се да го саботираат процесот на гласање, да украдат податоци за изборите или да ја доведат во прашање валидноста на изборните резултати, предупредува Еванина.

Претходните повторени проверки на американските разузнавачки агенции резултираа во заклучок за 2017 година дека Русија дејствувала во изборната кампања за 2016 година за зајакнување на позицијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп и ги поткопувала шансите на неговата противкандидатка Хилари Клинтон.

Евавина предупреди дека Русија веќе оди кон поранешниот американски потпретседател Бајден и на она што го смета за антируски американски „естаблишмент“.

Тој исто така рече дека прорускиот украински политичар Андриј Дерках „шири обвиненија за корупција“ со цел да ја поткопа кампањата на Бајден и Демократската партија.

Еванина нагласи дека „учесници поврзани со Кремљ“, исто така, се обидуваат да ја „зајакнат кандидатурата на претседателот Трамп преку социјалните медиуми и руската телевизија“. Неговата изјава е најјасен предлог за разузнавање од страна на разузнавачката заедница дека Русија претпочита еден од двајцата кандидати во изборната трка во 2020 година.

Според него, Кина сака Трамп да не освои втор претседателски мандат, затоа што Пекинг го смета за премногу непредвидлив. Како што рече тој, Кина ги засилува напорите да влијае врз американската политика пред изборите во ноември, за да се обиде да влијае на насока на американската политика и врши притисок врз американските политичари што ги смета за антикинески.

Еванина посочува дека Иран најверојатно ќе користи тактики преку интернет, како што е ширење дезинформации за да ги дискредитира американските институции и претседателот Трамп и да предизвика незадоволство кај гласачите во САД.

„Мотивацијата на Техеран да преземе ваква акција е делумно водена од перцепцијата дека реизборот на претседателот Трамп би резултирал во континуиран притисок на САД врз Иран во обид да предизвика промена на режимот“, тврди Еванина.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе