Ана Брнабиќ: Србија е на раб на војна со Косово

Премиерката на Србија утринава на белградскиот аеродром отвори нова воздушна линија меѓу Белград и Тијанѓин во Кина.

Ана Брнабиќ ја искористи приликата да ја искоментира и тензичната ситуација на Косово.

„Денес имате ваков ден, прекрасен ден, нешто на што работиме повеќе од две години, воведување на директната линија на нашиот превозник со Пекинг. И имате ситуација кога некој во Приштина ве враќа назад, не во 19-ти, туку во 18-ти век. Имаме инвеститори, работни места, сè повеќе млади луѓе кои се враќаат од дијаспората, а некој секогаш ве враќа во 18-ти век. И мислам дека сè што направи Курти е опасност не само за Србите , но за Албанците, за цела Европа и дека тоа е политика на 19-от век“, рече Брнабиќ.

Таа додаде: „Курти нè доведе сите на работ на војна. Не го направи тоа сам. Не ги штитат Србите на Косово и Метохија. Веќе секојдневно гледаме кршење на Кумановскиот и Бриселскиот договор. Според тоа, многу сме блиску до тоа, Вучиќ денеска ќе даде повеќе информации, за да побара враќање на нашите сили на Косово и Метохија“.

Тензиите кои траат со месеци дојдоа до точка на вриење

„Доведени сме на работ на вооружен конфликт. Тука нè донесе неодговорна личност. Претседателот Вучиќ зборуваше за тоа повеќе од 10 пати. Тој човек, Курти, носи одредена нестабилност секој ден. Доволна е само искра. Не можам да ги разберам ниту НАТО, ниту КФОР, ниту ЕУЛЕКС, бидејќи на територијата на Косово и Метохија немате владеење на правото ниту гарантирани основни човекови права“, заклучи српската премиерка Брнабиќ.

Шефот на канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада, Петар Петковиќ, во четвртокот вечерта, по повод влезот на двесте косовски полицајци во северниот дел на Косовска Митровица, изјави дека Србија „ќе размисли“ за враќање на до 1.000 припадници на армијата и полицијата на Косово, во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН - И.

Косовските медиуми на српски јазик објавија дека по 20 часот во четвртокот меѓу 200 и 300 полицајци придружувани од оклопни возила влегле во северниот дел на градот, кој е претежно населен со Срби, и дека биле распоредени на периферијата на градот, по што Петковиќ закажа вонредна конференција за новинарите во владата на Србија.

Неговата оценка е дека косовскиот премиер Албин Курти со испраќањето на полицијата „продолжува со незаконски и насилни акции“ насочени кон „окупација на северот на Косово“, кој е претежно населен со Срби.

Тензиите на северот траат со месеци, а неодамна се интензивираа во кампањата на Приштина за воведување на пререгистрација на табличките за косовските градови издадени во Србија на табличките РКС / Република Косово, што локалните Срби, со поддршка на Белград, одбиваат, па нивните претставници во знак на протест ги напуштија косовските институции.

По низата притисоци од Брисел и Вашингтон, беше постигнато привремено компромисно решение, но тензиите не завршија бидејќи Приштина сака да воспостави систем на администрација на целата територија на Косово, додека Белград инсистира на почитување на бриселскиот договор со кој Косовската влада, под покровителство на ЕУ, се обврза на формирање на Заедница на српски општини.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе