Анализа: Корупцијата главна причина за иселување на младите

Четири од десет млади би ја напуштиле државата поради степенот на корупција, додека секоја трета млада личност смета дека токму корупцијата е главна мотивација да се приклучи и да придонесе во борбата против коруптивните дејства. Само четири проценти од младите сметаат дека ваквата состојба ги тера да станат дел од синџирот на корупцијата. Ова го покажа анализата направена од страна на Младинскиот сојуз во која учествуваа над 440 млади луѓе од целата земја.

– Досегашната национална борба против корупцијата младите ја оценуваат со двојка, а охрабрува фактот што речиси две третини од нив (64 посто) изјавиле дека досега директно не учествувале во коруптивни активности. Прашани за тоа како ја идентификуваат корупцијата, младите испитаници во најголем процент изјавиле дека тоа претставува „пари во индекс за професорот/ката“ (57 проценти), една третина дека тоа се партиските вработувања, а најмал процент дека тоа се „кафе и бонбониера за докторот“ (7 посто), односно „подарок во вредност до 1.000 денари“ (3 отсто), соопшти Младинскиот сојуз.

Според анализата, на младите, најмногу им пречи корупцијата во сферите на правосудството (58 проценти), здравството (27 посто) и државната администрација (18 отсто), додека најмалку тоа го идентификуваат како проблем кај полицијата (7 проценти). Речиси идентичен број од нив рекле дека се запознаени со каналите преку кои можат да се изборат против корупцијата со оние кои изјавиле дека немаат такви информации.

Исто така, за младите луѓе најважно е лидерите да бидат решителни и праведни (над 50 проценти), понатаму транспарентни (над 15 отсто), а најмалку посакуваат да бидат авторитативни (6 проценти).

– Очигледно е дека според оваа анализа корупцијата претставува еден од најголемите проблеми кој го нотираат младите луѓе, а како дел од решението е целосната посветеност кон градење на транспарентно општество. Промовирањето на младинската активност и подигањето на гласот на младите е нашата главна цел во реализацијата на овој Проект. Дополнително, преку ваквите и слични активности придонесуваме за подигање на знаењето и свеста помеѓу младите за важноста на процесите на транспарентност и отчетност во носењето на одлуки од страна на властите на национално и локално ниво, вели Анелија Митрова, проектна координаторка во Младинскиот сојуз.

Анализата е спроведена од страна на Младинскиот сојуз во периодот од април до јуни годинава, со поддршка на Националниот демократски институт (НДИ) и НЕД.

Тагови
реклама

Македонија

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: Порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Read more

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

Read more

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Read more

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more
 

Вести

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: Порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Читај повеќе

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

Читај повеќе

Американците ќе го кренат во воздух мостот во кој удри огромниот брод

Читај повеќе

Украина: Соборивме руски борбен авион

Читај повеќе

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе