Анализа на средбата Путин-Бајден: Возрасните повторно се на власт

Вчера се одржа самит во Женева на кој за првпат се сретнаа претседателите Владимир Путин и Џо Бајден. Сето тоа траеше околу три часа, помалку отколку што предвидоа од Белата куќа. Немаше заеднички ручек, а прес-конференциите беа одделни.

Во анализата на CNN се вели дека американскиот претседател Џо Бајден имал една едноставна цел - да покаже нормалност.

„Го направив она за што бев дојден“, рече Бајден, нудејќи толку концизна, а сепак нејасна изјава за исходот на состанокот.

И покрај ова, се вели дека циркусот на владеењето на Доналд Трамп е завршен и дека возрасните повторно се на власт.

Ниски очекувања

Во неколку наврати, Бајден избегнуваше прашања во врска со неговиот однос со Путин и одвреме-навреме разговорот го водеше од личен аспект и меѓусебните односи, кон реалполитика.

„Тука не станува збор за доверба. Овде се работи за личен интерес“, рече Бајден.

Дури и пред американскиот претседател Бајден да се сретне со рускиот колега Владимир Путин, очекувањата од средбата беа мали, се вели во друга анализа на CNN.

Освен некои основни заложби за враќање на дипломатите и договор за отворање конструктивен дијалог со САД за прашања како што се сајбер безбедноста и надворешната политика, Путин не даде индикации дека на првиот состанок на двајцата лидери се навестуваат големи промени.

CNN смета дека никакви пријателски зборови нема да го спречат рускиот лидер да продолжи енергично да ја следи својата политичка агенда, и во Русија и во странство, со речиси целосна неказнивост.

Иако на прес-конференција рече дека смета дека нема никаков вид непријателство меѓу него и Бајден, Путин ги критикуваше САД за да го сврти вниманието од критиките кон Русија.

Бајден: Путин не сака студена војна со САД

„Мислам дека последното нешто што Путин го сака сега е студена војна“ со САД, додаде Бајден.

„Јас јасно објаснив дека нема да толерираме обиди за кршење на нашиот демократски суверенитет и дестабилизација на нашите демократски избори и дека ќе возвратиме“, рече Бајден на прес-конференција по состанокот со Путин во Женева.

Американскиот претседател инсистираше на компјутерските напади, сериозна точка на расправија со Русија и му рече на Путин дека „некои важни инфраструктури треба да бидат неприкосновени, без оглед дали станува збор за компјутерски или други напади“.

„Му дадов список со ‘16 специјални субјекти’, од енергетскиот сектор до нашите системи за водоснабдување“, додаде тој.

„Посочив дека имаме големи ИТ можности и дека тој го знае тоа“, рече тој. „Ако Русија прекрши некои „основни правила, ние ќе возвратиме“, додаде Бајден.

По обидите да се мешаат во изборите во САД во 2016 година во корист на Доналд Трамп, масовните компјутерски напади неодамна го налутија Вашингтон. SolarWinds, Colonial Pipeline, JBS - сите овие операции се припишуваа на Москва и на хакерски групи со седиште во Русија.

Пет главни точки на состанокот

Првото нешто што може да се заклучи е дека завршила чудната и непредвидлива ера на Доналд Трамп, пишува Guardian.

Пример е средбата Путин-Трамп во Хелсинки во 2018 година. Тогашниот американски претседател Доналд Трамп рече дека верува оти Москва не се меша во изборите во САД во 2016 година.

Заедничката прес-конференција беше толку понижувачка што високиот советник на Трамп, Фиона Хил, размислувала да стави крај на тоа со вклучување на алармот за пожар.

Втората точка е мислењето на Путин за Вашингтон. Ситуацијата останува непроменета - таа е негативна. Како и во ерата на Студената војна, Путин на САД гледа како противник и глобален ривал. И покрај скромниот напредок во преговорите, Путин веројатно нема да попушти пред притисокот на САД. Тој ќе продолжи со репресијата и јасно стави до знаење дека нема да му попушти на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Очекувањата пред состанокот беа мали, но во третата точка треба да се напомене дека состанокот постигна конкретни резултати. Имено, состојбата со амбасадорите е нормализирана и започнуваат преговори за можни измени на неодамна продолжениот договор за контрола на оружјето Нов СТАРТ.

Путин овојпат не доцнеше

Четвртата точка се однесува на путиновиот „whataboutism“. Имено, секогаш кога ќе наидеше на критики за Русија, тој го свртуваше вниманието кон проблемите на САД.

Путин стана видливо иритиран реагирајќи на прашањето за справувањето со политички противници.

„Ако вашите политички противници се мртви, во затвор, отруени... Зарем тоа не испраќа порака дека не сакате политички противници, од што се плашите?“, праша новинарот.

Путин започна да се повикува на немирите во Капитол на 6 јануари и рече дека Русија не сака таков вид хаос во нејзините граници.

„Луѓето се побунија и влегоа во Конгресот со политички барања. Ним им се закануваа затворски казни од 20 до 25 години... Од која причина, сè уште не знам. Сочувствуваме со она што се случува во САД, но не сакаме тоа да се случи во Русија“, рече Путин.

Последна точка - кога му одговара, Путин може навреме да се појавува на важни настани. Имено, Путин често доцнел на ваквите состаноци. Обама го чекаше 40 минути во 2012 година, а Путин доцнеше еден час за аудиенција кај папата во 2015 година.

Односите Русија-САД на историски најниско ниво

Скоро единственото нешто за што се согласуваат претседателите на САД и Русија е дека односите меѓу двете земји се на „најниско ниво“, потврди тој во неделата на самитот на Г7.

Односите меѓу Вашингтон и Москва се влошија во последните години, особено по руската анексија на Крим во 2014 година и обвинувањата на САД за руско мешање на претседателските избори во 2016 година, на кои победи Доналд Трамп.

реклама

Кружен ток не е за секој

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Се буди вулканскиот масив на Камчатка

Read more

49 пациенти кои оделе на дијализа починале како последица од COVID-19

Read more

Свет

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Read more

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе