Ангеловски меѓу кандидатите за нов тренер на Хајдук

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, е во потесниот круг кандидати за нов тренер на хрватскиот прволигаш Хајдук, јавија денеска локалните медиуми.

Ангеловски (45), според весникот Slobodna Dalmacija со својата возраст и ентузијазам се вклопува во плановите на раководството на сплитскиот клуб за нов шеф на стручниот штаб, кој треба да го наследи Швеѓанецот Јенс Густафсон, кому денеска му беше врачен отказ.

Ангеловски е без ангажман од завршувањето на ЕУРО2020 на кое за прв пат во историјата ја одведе македонската репрезентација.

Хајдук е еден од големата југословенска четворка со 9 титули шампион на Југославија и исто толку купови Маршал Тито. По осамостојувањето на Хрватска освои 6 титули во лигата, но последната во 2005 година. Има и исто толку хрватски купови, а последната титула му е од 2013 година.

Сезонава за Хајдук настапува само еден македонски фудбалер и тоа повремениот репрезентативец Јани Атанасов.

Ангеловски пет и пол години ја водеше Македонија, а претходно во клупскиот фудбал има само две и пол сезони во Работнички.

реклама

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе