Ангеловски: ОТА во моментов следи 159 комуникации, можно е некои од нив да се поврзани со „Рекет“

Скопје, 19 јули 2019 (МИА) -Оперативно-техничката агенција – ОТА во моментов активно следи 159 комуникации, а постои можност некои од нив да се поврзани со најновиот случај „Рекет“, изјави денеска директорот на ОТА, Зоран Ангеловски.

Во посета на ОТА денеска беше собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, со која претседава пратеникот Емил Димитриев.

ОТА од почетокот на годината следела 258 комуникации, од кои 159 се се уште активни. Следењето на комуникациите е максималн о безбедно и не може да случи истекување на разговорите, беше истакнато на денешната прес-конференција по посетата.

На прашањето дали од тие 159 активно следни комуникацвии има и такви за случајот „Рекет“, Ангеловски нагласи дека ОТА нема увид во идентитетот на лицата што се следат.

– Иако барањата за следење на комуникациите ОТА ги добива со скриен идентитет, веројатно има и од тие телефонски броеви, изјави Ангеловски.

Димитриев нагласи дека нивната главна цел е комуникациите да бидат покриени со соодветна судска наредба.

Истакна дека се во исчекување на потпишување договор за ангажирање ИТ експерт, кој е веќе селектиран.  Комисијата само врши избор и тој е направен пред два месеци, се чека потписот на претседателот на Собранието.

За сите следени комуникации, Комисијата утврдила дека ОТА поседува уредна судска наредба.

Ангеловски истакна дека ОТА се залага за максимална транспаретност и контрола во својата работа.

-Внатрешни контроли правиме на еден месец. Се е максимално чисто и максимално транспарентно. Работиме законски по судска наредба, рече тој.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе