Без неколкумина планирани играчи, репрезентацијата на Македонија ќе ги заврши квалификациите во натпреварите против Австрија и Израел. Вкупно 23 играчи се најдоа на списокот.
Селекторот Игор Ангеловски има доста главоболки околу составот со оглед на тоа што поради повреди не може да смета на стандардните Аријан Адеми и Егзон Бејтулаи, потоа резервистите Љупчо Дориев и Ѓорѓи Стоилов, а отпадна од комбинација и планираниот дебитант Диме Димов, бек на Академија Пандев.
Додатен проблем за нашиот селектор е тоа што на првиот дуел со Австрија во Виена поради жолти картони под суспензија се Висар Муслиу, Бобан Николов и Илија Несторовски.
Дебитант во репрезентацијата под овој селектор е најдобриот стрелец во домашната лига, Даниел Аврамовски од Вардар. Тој досега има 2 настапи, но пред пет години кога селектор беше Бошко Ѓуровски. Повратници се Никола Ѓорѓев и Дарко Велковски, а повторно повикан е младиот дефанзивен талент на Вардар, Никола Младеновски.
голмани:
Столе Димитриевски - Рајо Ваљекано, Шпанија
Дејан Илиев - Серед, Словачка
Дамјан Шишковски - Работнички
одбрана:
Висар Муслиу - Фехервар, Унгарија
Кире Ристевски - Ујпешт, Унгарија
Стефан Ристовски - Спортинг, Португалија
Дарко Велковски - Ријека, Хрватска
Ѓоко Зајков - Шарлроа, Белгија
Кристијан Тошевски - Вардар
Марио Младеновски - Вардар
средина:
Енис Барди - Леванте, Шпанија
Бобан Николов - Фехервар, Унгарија
Стефан Спировски - Хапоел Тел-Авив, Израел
Езџан Алиоски - Лидс Јунајтед, Англија
Елиф Елмас - Наполи, Италија
Даниел Аврамовски - Вардар
Крсте Велкоски - Сарајево, Босна и Херцеговина
Никола Ѓорѓев - Грасхоперс, Швајцарија
напад:
Горан Пандев - Џеноа, Италија
Иван Тричковски - АЕК, Кипар
Илија Несторовски - Удинезе, Италија
Александар Трајковски - Мајорка, Шпанија
Влатко Стојановски - Ним, Франција
Македонија прво на 16-ти ќе игра против Австрија на „Ернст Хапел“ стадионот во Виена, додека три дена подоцна го пречекуваме Израел на „Тоше Проески“ арената во Скопје. Со овие два натпревара завршуваат и квалификациите за пласман на ЕУРО 2020.