Англиски десерт со банана: Банофи пита без печење

Банофи питата е англиски деликатес кој името го добил токму од главните состојки банана и карамела (тофи), а бидејќи нејзината кора е направена од мелени бисквити, не се пече.

Тоа е десерт кој се прави брзо и лесно, па затоа е идеален дури и за почетници во кујната.

Потребни состојки:

  • 100 гр путер
  • 250 гр мелени бисквити

за филот:

  • 150 гр путер
  • 150 гр шеќер
  • конзерва слатко кондензирано млеко
  • 2 средни банани
  • 200 мл шлаг
  • рендано чоколадо (за декорација)

Подготовка:

Прво растопете го путерот на тивок оган и измешајте го со мелените бисквити. Потоа смесата притиснете ја во калапот и оставете ја во фрижидер да се стегне.

Во друг сад се изматете ги путерот и шеќерот, па ставете ги во тенџере заедно со кондензираното млеко и мешајте на тивок оган додека сѐ не се растопи, а потоа и згусне.

Прелијте ја смесата врз основата од калапот и оставете да се излади. Кога колачот ќе се стегне, исечкајте ги бананите и наредете ги. Изматете го шлагот и додадете го преку колачот. На крајот додадете рендано чоколадо за декорација.

Тагови
реклама

Рецепти

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе