Анкара, 12 август 2019 (МИА) – Турција очекува во втората половина на август или во септември да биде реализирана втората испорака на рускиот одбранбен ракетен систем S-400, изјави министерот за одбрана Хулуси Акар, цитиран од весникот Kathimerini.
-Во август или во септември ја очекуваме втората испорака на S-400 за земјата, рече Акар.
-Бидејќи беше прекинат Договорот за нуклеарните сили со среден и помал дострел, Турција ќе има сѐ поголема потреба од системите S-400, наведе Акар.